Македонија
Каменос: Нема влез во НАТО пред исполнување на сите обврски од договорот
ПЈРМ ќе биде поканета да се приклучи кон НАТО кога ќе ги исполни обврските од договорот за името, изјави пред пратениците во парламенотот во Атина министерот за одбрана и лидер на помалиот коалициски партнер во грчката влада „Независни Грци“, Панос Каменос, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Каменос потсети дека Македонија има конкретни обврски кои ги презеде со потпишувањето на преспанскиот договор. Дури тогаш, вели Каменос, грчкиот парламент ќе го ратификува договорот, чекор без кој земјата нема да може да стане членка на НАТО.
„Во НАТО владее принципот на едногласност. Ако еден член не се согласува, земјата нема да може да стане членка на организацијата“, рече лидерот на „Независни Грци“.
Претходно, Каменос наведе продлабочување на кризата во грчката влада, истакнувајќи дека договорот за името е лош и може да биде одобрен само преку референдум или распишување нови избори во земјата. Каменос предложи поголемо мнозинство при ратификување на договорот во грчкиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.