Македонија
Канческа побара 1 час пауза да заземе став за имунитетот на Вељаноски
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по барање на координаторката на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска даде едночасовна пауза од расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.
Канчевска побара едночасовна пауза бидејќи дури во 19 часот биле известени дека ќе се одржи денешната седница и немале време да ги разгледаат документите од мандатно имунитетната комисија.
„После 19 часот добивме информација дека ќе има седница. Немавме време да заземеме став по однос на оваа точка. Бараме еден час пауза да ги разгледаме материјалите од Комисијата“, рече Канческа Милевска.
Собранието има рок до 12 часот на полноќ да изгласа дали ќе му го одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски. По завршувањето на паузата на пратениците им преостанува уште 30 минути до истекувањето на рокот за гласљње. За збор се пријавија 29 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, до сега на говорницата излегоа само тројца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи: Го институционализиравме достоинството на нашиот народ, но мисијата сè уште не е завршена
Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај, организираа отворена дебата со кандидатот за претседател Бујар Османи и кандидатите за пратеници од Европскиот фронт во ИЕ1 Блерим Беџети и Наим Бајрами.
Кандидатот за претседател Бујар Османи им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.
Османи го опиша Европскиот фронт како идеја чие време е дојдено.
„Од исклучен народ сега сме народ кој го постигна првиот премиер Албанец. Го институционализиравме достоинството на нашиот народ. Почнавме да ги уриваме моноетничките тврдини: претседателот на Собранието, првиот премиер, но сè уште не сме завршиле, бидејќи сè уште имаме тврдина која за нас е забранета зона. Оваа мисија е света и не случајна. Затоа ве повикувам да ја одобрите“, рече Османи.
Кандидатите за пратеници Блерим Беџети и Наим Бајрами побараа од младите масовна поддршка за Бујар Османи и Европскиот фронт. Поканија на 24 април и на 8 мај да биде запечатена големата победа на Фронтот, со која ќе се заокружи последната мисија за етничка еднаквост и ќе се заокружи европскиот сон на младите во Северна Македонија.
Во текот на денешниот ден, караванот на Бујар Османи пристигна во Сарај и неговата околина, односно во селата Кондово, Бојане и Копаница.
Македонија
(Видео) Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат
Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.
„Донесовме економска стабилност за пензионерите. Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.
Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме, додаде тој.
„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, однсно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.
„Го јакнеме животниот стандард на пензионерите. Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.
„Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица. Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во држaвата“, истакна Николовски.
Македонија
Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.
Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.
„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија“, истакна Пендаровски.
Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок.
„Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.
Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци.