Македонија
Кирацовски од Куманово: Со домаќинско работење обезбедуваме заштеди за воведување бесплатно болничко лекување
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, синоќа во Куманово учествуваше на отворена средба со граѓани, членови, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.
На средбата на која присуствуваа и потпретседателот Оливер Спасовски и организациониот секретар Миле Зечевиќ беше разговарано за спроведувањето на економските мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, за актуелната политичка состојба, како и за идните предизвици на домашен и меѓународен план.
– Како парламентрарно мнозинство и Влада, во оваа неполна година успеавме да реализираме мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, но истовремено го поттикнуваат и економскиот раст. Иако наследивме катастрофална состојба, преку домаќинско работење успеавме да направиме солидна заштеда и тие пари да ги насочиме кон оние на кои им се најпотребни. Убедени сме дека доколку продолжи ова темпо на заштеди, дека веќе од јануари 2019 година ќе се создадат услови за да се воведе бесплатното болничко лекување за сите граѓани, но и социјалната помош да порасне тројно и да изнесува околу 11 500 денари за четиричлено семејство“, истакна Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски се осврна и на предизвиците на меѓународен план и истакна дека Македонија прави крупни чекори на патот на евроинтеграциите, со што се обезбедува иднината на државата и сите граѓани.
– Успеавме да ја вратиме државата во евроинтегративниот процес. Преку политиките на пријателство и соработка од изолирана и скарана држава станавме држава која ги решава проблемите и дава позитивни примери. Продолжуваме по патот на евроинтеграциите бидејќи тоа е патот на развој и напредок, порача Кирацовски пред граѓаните на Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.