Македонија
Коалицијата „Маргини“: Лицата со попреченост не може да се потпишат на иницијативата за референдум во Неготино
Лицата со попреченост и лицата со тешкотии со движењето во општина Неготино се спречени во процесот на собирање потписи за иницијативата за одржување локален референдум со цел изјаснување на граѓаните во однос на најавите за изградба на депонија за индустриски инертен отпад, реагираат од коалицијата „Маргини“. Од таму велат дека собирањето на потписите се одвива на третиот кат во зградата на Општина Неготино, во која нема лифт.
„На овој начин лицата со физичка попреченост, како и сите оние што се соочуваат со тешкотии во движењето, се оневозможени или се соочуваат со сериозни проблеми да го остварат своето право. Дотолку повеќе, иницијативата за собирање потписи треба да трае 30 дена, меѓутоа граѓаните имаат само 19 работни дена во кои ќе може да ја поддржат овааа иницијатива поради големиот број неработни денови во наведениот период“, велат од „Маргини“.
Ваквото постапување на Општина Неготино, додаваат од таму, е дискриминаторско и спротивно на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминацијата во согласност со кој пристапноста до инфраструктурата подразбира преземање соодветни мерки што осигуруваат дека лицата со попреченост имаат пристап на еднаква основа со другите до јавните објекти.
„Апелираме до Општина Неготино да овозможи луѓето со попреченост да учествуваат во постапката за собирање потписи за распишување на референдумот под еднави услови со другите граѓани. Еднаквите услови значат дека местата за собирање потписи треба да бидат достапни за лицата со попреченост во текот на целото траење на референдумот. Непристапноста на општинската зграда за овие луѓе значи прекршување на уставното право на глас и скратување на можноста за граѓанско учество во донесувањето одлуки. Во спротивно Мрежата за заштита од дискриминација ќе се обрати до надлежните органи за заштита од дискриминација“, се наведува во соопштението.
Од таму апелираат и до народниот правобранител да дејствува итно и прокативно и да побара од Општина Неготино да овозможи луѓето со попреченост да го остварат своето право на глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.
Македонија
Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“
Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“.
Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности, како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.
Како што пишува Алис Парк, виш дописник на „Тајм“, во образложението за изборот на Мојсов, Хабенер и Дракер, појавата на ефикасни лекови за слабеење, како што е „вегови“ (Wegovy), е кулминација на долгогодишната тимска работа.
Научниците во Европа и во САД, кои први работеа на лековите за дијабетес, направија критична врска помеѓу инсулинот и инкретините, дел од семејството цревни хормони, познати како глукагони, со што им помогнаа да разберат како да управуваат со нивото на шеќерот во крвта и тежината.
Во годинашната листа на магазинот „Тајм“ во категоријата највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.
Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.
Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.
Македонија
Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче
Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.
Од МВР информираа дека вториот приведен е В. Т. (36) од Скопје.
Претходно, Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец, кој учествувал во кражбата.
Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.