Македонија
Ковачевски верува дека е ненамерна грешка објавената фотографија на која тој беше исечен
Премиерот Димитар Ковачевски сака да верува дека објавената фотографија на фесјбук-профилот на бугарскиот премиер Кирил Петков, а на која тој беше исфрлен е ненамерна грешна.
„Вчера веќе имаше изјава од страна на прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој е даден од прес-службата на бугарската влада е тој што е вистинскиот и дека ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.
Вчера од прес-службата на Владата на Бугарија одговорија дека доколку некоја фотографија е редактирана, тоа ненамерно се случило во прес-центарот.
Ковачевски за време наМинхенската безбедносна конференција ја објави фотографијата со Петков и Блинкен, со коментар дека американскиот државен секретар изразил целосна поддршка за дијалогот меѓу Скопје и Софија. Фотографијата беше објавена и на фејсбук-профилот на Петков, но Ковачевски беше исечен, односно се гледаше само дел од неговиот ракав.
По скандалот се огласи и бугарскиот премиер, кој искоментира дека нема да подлегнуваат на провокации.
Инаку, Ковачевски денеска повтори дека преговорите со Бугарија се водат во духот на Резолуцијата во Собранието и во духот на европските вредности.
„И јас и премиерот Петков во своите настапи по нашите средби ги објавуваме сите детали за кои се разговара и можам да ве уверам дека сè она за што се разговара е во духот на Резолуцијата што е донесена во нашето Собрание и во духот на европските вредности. Се разбира, во целиот тој процес е вклучена и Европската комисија бидејќи на крајот на денот преговарачката рамка треба да биде одобрена од сите земји членки на ЕУ и врз основа на тоа Македонија да го добие датумот за почнување на првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.