Македонија
Ковачевски – Данци: Долгорочната соработка продолжува, голема поддршка од Швајцарија
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со Патриција Данци, генерална директорка на Швајцарската агенција за развој и соработка, придружувана од Вероник Улман Марти, амбасадорка на Швајцарската конфедерација, во нашата држава.
На состанокот е најавено дека продолжува големата поддршка од Швајцарија во развојот на Република Северна Македонија и силната и долгорочна соработка со нашата држава, којашто се реализира веќе речиси три децении.
Разговарано е за повеќе актуелни прашања, како што се последиците од војната во Украина, економската и политичката клима во државава, реализацијата на интеграциските перспективи. Заеднички е констатирано дека решението за ситуацијата во Украина не е воена агресија, туку дијалог, како и дека случувањата во Украина рефлектираат економски и енергетски последици од светски карактер.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата и важна поддршка што ја дава Швајцарија на Северна Македонија во суштински области за граѓаните и општеството, како што се животната средина, економијата, демократските процеси, политиките на еднаквост на сите граѓани.
Тој рече дека денеска Македонија се развива како демократско општество и како едно општество за сите граѓани, пример во регионот за заедничко живеење и функционирање.
Премиерот Ковачевски соопшти дека македонската Влада, како и Владите во Европа и светот, е насочена кон надминување на предизвиците од светската економска и енергетска криза предизвикани од војната во Украина и од пандемијата и дека за таа цел постои тесна соработка и со премиерите и Владите во регионот.
„Фокусирани сме, на дневно ниво и кон стратешки политики во заштитата на животниот стандард на граѓаните, на ранливите категории граѓани, на ликвидноста на компаниите. Имаме историско покачување на минималната плата и покачување на пензиите, коешто годинава исто така ќе биде на историски највисоко ниво. Работиме на обезбедување на алтернативните извори на енергија и на обезбедување храна, преку антикризни мерки на спречување ценовни шокови, со коишто се соочува целиот свет. Предизвик и одговорност е да се води државата сега и затоа нема оправдување за несериозно однесување, како што се блокадите од несериозен политички субјект во Парламентот, што ги прави веќе 20-тина месеци, или предлозите за предвремени избори, коишто се од популистички карактер, а на штета на граѓаните и државата“, рече премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата, Ковачевски, во однос на евроинтеграцискиот исчекор, соопшти дека нашата држава го има направено потребното, практикува и почитува европски вредности и е поставена принципиелно во развојот на добрососедските односи, со цел достоинствени решенија на отворените прашања.
На средбата е изразена заедничка определба за натамошна соработка помеѓу Северна Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот
Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.
„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.
Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.
„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.
Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.
Македонија
Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија
Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.
Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.
„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.
Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.
„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.
Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.