Македонија
Ковачевски – Мејер: Унапредување на соработката со САД во кибербезбедноста
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со в.д. амбасадорот на САД во земјава, Ерик Мејер.
На состанокот е разговарано за можностите за унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и САД во областа на кибербезбедноста.
Заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија веќе придонесува во координираното дејствување меѓу НАТО членките, со цел зајакнување на отпорноста кон растечките киберзакани, во полето на безбедноста.
Во таа насока е нагласено значењето на споделувањето успешни пракси за превенција од кинберинциденти и споделувањето информации поврзани со киберзакани, што придонесува и кон зголемување на отпорноста на нашата држава во поглед на овој предизвик во светски рамки.
Премиерот Ковачевски потенцираше дека САД се голем пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија и на регионот, во сите демократски процеси и во областа на одбраната и дека е од голема важност секое искуство и на ова поле.
Претседателот на Владата, Ковачевски, на состанокот, се заблагодари за пријателскиот пречек при работниот престој во Њујорк, за време на учеството на ГС на ОН, оценувајќи го како исклучително успешен, со оглед на значајните средби на приемот кај американскиот претседател Бајден и со американски претставници, на коишто е разговарано за актуелни политички прашања од значење и за нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.