Македонија
Ковачевски ќе учествува на Форумот ГлобСек 2022 во Братислава
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денеска до петок ќе учествува на Форумот за безбедност Глобсек што се одржува во главниот град на Република Словачка, Братислава.
На Форумот, на кој учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, и кој ќе го отворат претседателката на Република Словачка Сузана Чапутова, претседателот на Република Украина Владимир Зеленски со видеообраќање и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, учествуваат и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации и тинк-тенк организации.
Ковачевски на Форумот Глобсек Братислава ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.
Во рамките на своето учество на Глобсек, предвидени се и неколку билатерални средби на премиерот Ковачевски. Форумот Глобсек 2022 Братислава, како една од најважните меѓународни конференции посветена на безбедносните стратегии, оваа година е фокусиран на три тематски столба: Мобилизацијата за поддршка и за акција за Украина и поширокото европско соседство; Мобилизацијата на ресурсите на Западот за да се зајакне отпорноста дома и Мобилизацијата на глобални коалиции за спротивставување на авторитарните режими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.