Македонија
Комората бара да се објави повик за лекари во новите ковид-амбуланти
Комората на приватното здравство при Сојузот на стопанските комори на Македонија реагира на одлуката на Комисијата за заразни болести матичните лекари да дежураат во новите ковид-амбуланти.
Нивиот став го објавуваме во целост:
„Матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски, туку соработката треба да биде на договорен основ, регулирана со соодветен правен акт. Како доктори и управители на приватните здравствени установи, тие имаат обврски кон своите матични пациенти и кон ПЗУ како правен субјект, што вклучува континуирана здравствена грижа за сите матични пациенти, а не само за оние болни од Ковид-19, како и издавање рецепти, боледувања и другата административна работа што не може да се одложува.
Предлогот на Комората на приватното здравство е решение за состојбата да се изнајде модел за соработка помеѓу јавен правен субјект и приватен правен субјект, кој ќе се заснова на договор за соработка. Имено, ја повикуваме Комисијата да објави оглас, на кој ПЗУ од општа медицина, кои имаат волја да дежураат во ковид-амбулантите, ќе може да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор, кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. Во таа насока во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот што ќе се добива за ангажманот во ковид-амбулантата по примерот на плаќање на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со колективен договор и со Законот за работните односи. Законите треба да се почитуваат и да важат еднакво за сите поради што и не треба да се доведуваме во ситуација цената на трудот на лекарите од јавниот сектор да биде платена, а од оние во приватниот сектор да се очекува да работат бесплатно.
Комората на приватното здравство истакнува дека матичните лекари во текот на целата пандемија понесоа поголем дел од товарот, а притоа не добија соодветна поддршка. Но, и покрај тоа, ставајќи ја грижата за пациентите на прво место, поддржуваат креирање соодветни решенија, кои ќе го забрзаат движењето на пациентите во системот и ќе придонесат за побрза дијагностика и соодветен и ефикасен третман, но тоа би требало да биде на начин на кој сите нешто ќе добијат и никој нема да трпи директна штета. Во однос на функционирањето на ковид-амбулантите, треба да се преиспитаат и дополнителни можности за ангажирање на лекарите од секундарното ниво на здравствена заштита бидејќи, според информациите што ги објавува Комисијата за заштита од заразни заболувања, во овој бран на Ковид-19 нема зголемен број пациенти со компликации што бараат болничко лекување, што значи дека лекувањето се спроведува на примарно ниво, односно кај матичните лекари, а оние од специјалистичките и болничките здравствени установи не се многу оптоварени, што би значело дека има можности за дополнително да се ангажираат.
Комората на приватното здравство е деловна мрежа во која членуваат приватните здравствени установи од сите сектори, општи лекари, стоматолози, аптеки и веледрогерии, разни медицински специјалистички ординации и дејствува во насока на креирање подобро опкружување за развој на приватното здравство во нашата земја како партнер на јавното здравство со цел креирање подобар здравствен систем, во кој придобивки ќе има и за пациентите и за стопанските субјекти што се занимаваат со здравствена дејност“, велат од Комората на приватното здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.