Македонија
Крива Паланка се вклучува во маратонската рута на бугарскиот маратонец Красимир Геогиев
Бугарскиот маратонец Красимир Геогиев почна иницијатива за ултра маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија, а во насока на промовирање на пан-европскиот транспортен Коридор 8, како и промовирање на добрососедската политика и унапредените добрососедски односи меѓу трите балкански земји.
Проектот на маратонецот Красимир Геогиев почна на 7 мај од Црното Море и ќе се одвива во наредните денови, до 25 мај, кога маратонецот треба да финишира во Драч (Албанија). За време на овој ултра маратон, Красимир ќе се движи од Црното Море до Јадранското Море, а треба да помине 20 градови и вкупна должина од 1.300 км. Финалето е на 25 мај во Драч (Албанија).
Општина Крива Паланка како град кој претставува источна порта кон Европската Унија и како град низ кој поминува Коридорот 8, неизбежно се најде на мапата на движење на овој маратонец. Затоа Општина Крива Паланка апелира до сите спортисти и љубители на ова спортска дисциплина симболично да се приклучат на маратонецот Красимир Георгиев, кој во Крива Паланка ќе пристигне на 15 мај и ќе ноќева во манастирскиот комплекс ,,Св Јоаким Осоговкски“, а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.
„Проектот за овој маратон се одржува под мотото ‘Конективност’ или поврзување, и е под покровителство на тројцата премиери на Бугарија, РСМ и Албанија – Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама, а е во насока на промовирање на важноста на проектот за транспорт низ Коридорот 8 и добрососедската политика на овие лидери“, соопштија од Општина Крива Паланка.
Маратонецот Красимир Георгиев ги поддржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседни блакански земји. Красимир преку реализација на инцијативата за овој ултра маратон низ трите соседни земји од Црното до Јаранското Море, се надева дека ќе привлече многу ентузијасти во својата нова авантура, кои ќе му се придружат на патот на поврзувањето и обединувањето и кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори
Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..
„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.
Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.
„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.