Македонија
Културата на маргините, а министрите со плати од 1.800 евра: вработените во Министерството побараа повисоки плати
Очигледно во државата сè уште е во сила онаа народната кучињата лаат, карванот си врви, порачаа вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм барајќи средба со надлежните и зголемување на платите.
Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, вели дека со овој пристап културата останува на маргините.
„Сведоци сме и на покачување на платите во другите сектори, оние поважните во кои не спаѓа секторот култура. За жал, нашиот концепт на мирни протести не допира до свеста на надлежните, што дополнително нè мотивира да продолжиме со нашата борба и да ги поттикнеме и другите колеги од помалку важните министерства да ни се приклучат во остварувањето на нашата цел, достоинствена плата за вработените. Во наредните денови ако некој од надлежните не се премисли и не нè прими, ќе бидеме принудени да се обратиме и до други инстанции, до претставниците на меѓународната заедница и да побараме поддршка за прашањата што треба да ги решаваме дома“, посочи Костовски.
Како што рече тој, еден министер добива плата од 1.800 евра, а еден вработен во државната администрација добива просечна плата од 400 евра.
„Платите на функционерите се четирипати поголеми од платите на вработените во јавниот сектор“, рече тој.
Учесниците денеска шести ден протестираа, а бараат и средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими. Тие апелираат министерот да го одобри колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.