Македонија
Левицата: Уставниот суд, кој треба да е чувар на законите, ги прекршува законите
„Уставните судии незаконски и скандалозно изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата во услови кога Владата апелира дека сите треба да се солидаризираат во кризата со мерки на штедење“, соопшти Левицата.
Според оваа партија, во согласност со член 113 од Уставот, со Деловникот на Уставниот суд се уредуваат работата и постапката пред Уставниот суд. Тоа значи дека со Деловникот се уредува постапувањето на Уставниот суд при оценување на уставноста и законитоста на прописите и другите општи акти, како и структуралната поставеност на судот. Секоја интервенција во Деловникот (измена и дополнување), која излегува од уставно зададената рамка за дозволен опфат, по автоматизам значи дека таквата интервенција е противуставна.
„Бидејќи судиите на Уставниот суд ги избира Собранието на РМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана со посебна глава во Уставот, надоместоците на нивните плати може единствено да биде уредена согласно со нов закон донесен од Собранието на РМ и никако поинаку. Ваквата безобѕирност и самоволие од страна на уставните судии самоиницијативно и неуставно да си ги зголемат платите на површина ги исфрла нивниот кредибилитет и нивното правно незнаење. Овој потег е само продолжение во низата фијаска на слабиот персонален состав на уставни судии, кои единствено се продолжена рака на неуставните политики на владејачкиот режим во услови на окупирана демократија“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.