Македонија
Лукаревска: Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома
Ние им нудиме европска перспектива на граѓаните, на младите. Им помагаме на бизнисите и создаваме амбиент за реализација на младите луѓе овде во државата. Ја развиваме економијата и парите ги враќаме кај граѓаните, рече носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, на трибината во Ѓорче Петров.
„Го намалуваме ДДВ во угостителството на 10 %, на занаетчиите од 18 на 5 %, 0 персонален данок за ИТ-индустријата до 2023 година. Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома. Во поранешното ‘Македонско село’ формираме ‘Стартап село’, можност младите да ги реализираат своите бизнис-идеи, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, ја продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, ќе донесеме закон за младинска гаранција, со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување, ќе формираме фонд за стипендирање млади луѓе за потребите на занаетчиството“, рече Лукаревска.
„Ќе се избориме со сите остатоци од режимот. Социјалдемократскиот сојуз гради мостови со соседите, сега тие се наши пријатели. Почнуваме преговори со Европската Унија, тоа ќе значи и реална финансиска поддршка со европски пари. Во земјата градиме едно општество за сите зашто разликите се заедништво. Градиме праведно општество, каде што непристрасниот инспектор е професионален инспектор, каде што непристрасниот судија е добар судија. На 15 јули ја бараме вашата поддршка зашто можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)