Македонија
„Македонија денеска доби шлаканици“ – ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев и Димитров
Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, пред седиштето на партијата.
Тој побара од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и премиерот Зоран Заев да поднесат оставка бидејќи, како што рече, двајцата ја донеле Македонија во ќор-сокак.
„Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа. Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шлаканици. Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров, којшто заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќор-сокак“, рече Стоилковски.
Портпаролот на опозициската партија додаде дека условите за членство во НАТО, Македонија ги има исполнето уште во 2008 година и сите последователни извештаи го потврдуваат тој напредок. Според него, Заев ја ставил земјата да биде заложник на исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело.
„Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија. Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија“, додаде Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.