Македонија
Мартин Пановски: На парцелата од 12.000 квадратни метри, дури 6.520 квадрати ќе бидат зеленило
Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти „Холидеј ин“, Мартин Пановски, во вечерашното гостување на „Топ тема“ изјави дека во двете згради кои ќе се градат има станови колку во трите кули во градски ѕид и ништо повеќе. Тој вели дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.
„Неразбирливо е како е можно некој кој е архитект да исцрта и пласира во јавноста вакви скици и макети. Ова се 3Д прикази правени од наши колеги кои, за жал, или не знаат да читаат план или намерно излажале, за да направат паника во јавноста. По сите архитектонски параметри, на оваа макета имате 500.000 м2. За појаснување, на дадената локација се дозволени 200.000 м2, а ќе се користат 89.000 м2“, рече Пановски.
Пановски во емисијата за првпат презентираше фотографија од реалниот проект кој е различен од сите фотографии и графики кои се споделуваат на социјалните мрежи деновиве.
Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило.
Пановски тврди дека на парцелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило. Проектот предвидува 969 паркинг-места на три новоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.
Жалам што сите коментираат и зборуваат дека проектот не чини, а никој не го видел, заклучува Пановски.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.