Македонија
МВР: Во тек сериозни реформи, што ќе го вратат угледот на министерството
Во Министерството за внатрешни работи во тек се сериозни реформи, кои имаат за цел да го вратат угледот на министерството и да ја вратат довербата кај граѓаните. Актуелното раководство на МВР, како што информираат оттаму, ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите кои ги затекна во министерството, како недостаток од опрема и униформи за полицијата, несоодветна кадровска поставеност односно лица со несоодветно образование на раководни позиции, објекти на полицијата во исклучително лоша состојба, заостанати долгови кон домашни и странски компании, негативни оценки за партизација и политизација.
„Ставот на раководството на МВР е дека само задоволна и мотивирана полиција и вработени можат да ја гарантираат безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Токму затоа, се вложува многу за реализација на проекти за подобрување на работните услови. Се набавувааат нови униформи за полициските службеници, се реновираат полициските станици, во тек се постапки за набавка на опрема која ќе им служи на полициските службеници“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Велат дека свесни за несоодветното однесување на вработените, кое во минатото не само што било толерирано, туку и поттикнувано, превземени се сериозни активности за зајакнување на капацитетите на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и отпочнување со проект за воспоставување на надворешен независен механизам за контрола.
„Започнавме и реформа на системот на следење на комуникациите. На предлог на министерството, на УБК ѝ се одзеде посредничката улога за прислушкувањето, со чија помош изминатиот период беше направена најголемата, историска злоупотреба на оваа институција. Со цел ограничување на употребата на средствата за присилба кои можат да се употребат спрема група, како што се физичка сила; полициска палка; електричен парализатор; хемиски средства; гумен пиштол; службени кучиња; специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства, беа усвоени и измени на Законот за полиција со кои се надминаа недореченостите во поглед на дискреционото право на полициските службеници за примената на средствата за присилба и се прецизира рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на овие средства“, сооопшти МВР.
Во периодот кој следи, велат од Министерството, ќе се работи на зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупција, како и зајакнување на капацитетите за справување со тероризам и насилниот радикализам. МВР ќе започне и со реформа на УБК, со цел, како што велат, Управата да се деполитизира и да ја врати својата суштинска задача, а тоа е контраразузнавањето во интерес на државата.
„Во наредниот период акцент ќе биде ставен и на воведување на позорната служба во што е можно поголем број градови во државата. Полицијата да биде вистински сервис на граѓаните. Проектот за т.н. маалски полицаец почна со имплементација во Куманово, каде има 70 позорникари кои покриваат 17 реони и веќе ги дава соодветните резултати. Позорната служба има исклучително значење во делот на превентивното работење, зближување со граѓаните, познавањето на средината во која работи позорникарот и градење на врската полицаец-граѓанин. Можноста за правовремено информирање, познавањето на средината и околностите, можноста за постојана комуникација со граѓаните, се атрибути што од позорникарството прават неопходен инструмент што многу ги олеснува натамошните фази од полициските постапки, независно за која од областите на криминалитет станува збор. Веќе се завршени сите неопходни подготовки и овој проект многу скоро ќе се имплементира во Кочани, Тетово, Гостивар и Кичево. Потоа ќе продолжиме со воведување на позорната служба во Штип, Струмица, Валандово, Гевгелија и други градови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи во наредниот период големо внимание ќе посвети и на состојбата во сообраќајот, како во поглед на засилена превенција така и во поглед на санкционирање на граѓаните кои ги кршат сообраќајните правила и на тој начин ја загрозуваат и својата, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Набавени се нови 30 радари, 80 апарати за контрола на алкохол кај возачите, како и друга опрема што ќе се искористи за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ
Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.
„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.
Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.
Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.
Македонија
Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ, државата е одземена од народот
„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.
Тој нотираше дека сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ“, рече Мицкоскит.
ПИстакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа, тој процес да започне токму сега.
„Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно, исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова, е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на оваа држава и на нејзината иднина“, заклучи тој.
Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја, порача Мицкоски.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.