Македонија
Пратеникот Реџепи се појавил во полиција – рекол дека не бил исчезнат, туку на гости кај пријател
Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој вчера не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека пријавата оти е исчезнат е невистинита, информираат од МВР.
„Во врска со вчера добиената пријава во Полициската станица Бит-пазар за К. Р., МВР известува дека пред малку К. Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита, односно никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство, заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, се наведува во соопштението на МВР.
Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец изразувајќи сомнеж дека тој е чуван под присила.
„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видео од него – затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана“, рече вчера Касами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”
Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори.
Партијата ги објави слоганот и првиот предизборен спот.
Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници.
Скопје
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата Наум Наумовски-Борче
Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.
Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.
На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.
,,Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми”, им се обрати Герасимовски на собраните жители.
Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.
Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.
Македонија
Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.
Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.
Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.
„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.
Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.
Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.