Македонија
Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери
По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000 маски до крајот на наредната работна недела, велат од екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема.
Во меѓувреме тимот за печатење работи и на нови нешта кои би можеле да им се најдат на медицинските работници. Се изработија и првите заштитни кутии за интубација.
Во петокот беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ УГАК, ЈЗУ Микробиологија, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Офтамологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Максилофацијална хирургија, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Клиника Штип, ЈЗУ Геронтолошки завод, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Зравствен Дом Куманово, ЈЗУ Општа Болница Охрид, ЈЗУ Костозглобна Охрид, ЈЗУ Кардиолошки центар Охрид, ЈЗУ Итна Медицинска Помош.
Во текот на вчерашниот ден беа доставени 165 маски до следниве институции: ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Куманово, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Итна Медицинска Помош Охрид, ЈЗУ Инфективен стационар, ЈЗУ Хируршка амбуланта Охрид.
„Со оглед на големата важност од имање на ваков тип на заштитна маска која може да се стерилизира со ладна стерилизација, секојдневно ќе ги испраќаме институциите каде се доставени истите. Со оглед дека на дневна основа добиваме информации дека вакви или слични маски можат да се најдат во индиректна продажба, да потсетиме, сите овие мaски се донацација и гореспоменатите институции ги добиваат бесплатно, дезинфицирани по соодветен протокол“, додаваат од иницијативата за печатење медицинска опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и улесниците на изборите, во текот на гласањетоо, до завршувањето, да се воздржат од било какви инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.