Македонија
Медицински прегледи и хуманитарна помош за локалното населние од учесниците на вежбата „Одлучен удар“
Во текот на денешниот ден медицински тимови од составот на воено медицинскиот центар и од армијата на САД, кои се вклучени како медицинска поддршка на вежбата „Одлучен удар“, го искористија времето за премин во втората фаза на вежбата за обиколка на радовишките планински села, Супурге и Прналија.
Притоа на повозрасните жители на овие села им овозможија да извршат проверка на крвниот притисок, како и други основни медицински прегледи. Исто така по претходно спроведена акција на донација од учесниците на вежбата се подели и хуманитарна помош во облека и обувки.
Оваа активност е дел од цивилно воената соработка за време на вежбата, каде во осум градови на Република Северна Македонија, припадниците на двете најголеми армии кои учествуваат во „Одлучен удар“ заинтересираните граѓани ги запознаваат со карактеристиките на дел од моторните возила, оружјето и опремата која се употребува на вежбата, но и воедно да имаат спортски натпревари со екипи од локалните самоуправи.
До завршеток на вежбата покрај веќе реализираните отворени денови за граѓаните на Гевгелија, Свети Николе и Кавадарци, вакви поставки ќе се реализираат во Радовиш и Струмица на 26ти јуни, Битола на 29ти, Гостивар на 1ви јули и Скопје на 5ти јули.
Вежбата „Одлучен удар“ која е досега најголема вежба организирана од нашата армија и на која учествуваат 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора ќе трае до 08.07.2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.