Контакт

Македонија

Мерките против коронавирусот добија правна основа, Владата забрани влез на државјани од ризичните области

Објавено пред

Владата донесе одлука со која сите мерки за превенција од коронавирусот донесени на сите претходни седници  добиваат правна основа за нивно спроведување.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ја пренесуваме во целост:

1. Се забранува воспитно-образовниот процес и одржување настава во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта.

2. Се забранува одржување на наставата во високообразовни установи и јавните научни установи.

3. Да прекинат со работа ученичките и студентските домови, библиотеките, театрите, киносалите, музеите и детските игротеки.

4. Се забранува посета на сите вонучилишни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат надвор од наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и сл.).

5. Се забранува одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, секаков вид јавни и приватни собири, како и сите културни, информативни, спортски настани и манифестации, без оглед на обемот и бројот на учесници, во јавни објекти и други јавни места (киносали, театри, музеи, библиотеки, спортски објекти, вежбалници и детски игротеки).

6. Се затвораат сите спортски објекти, вежбалници, спортски сали каде што може да се одржуваат секаков вид собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници.

7. Се забранува одржување на сите спортски настани и натпреварувања пред присуство на гледачи (публика).

8. Се забранува користење од секаков тип пливачки базени на територијата на Република Северна Македонија.

9. Се забранува работа на угостителските објекти, кафетерии, барови, ресторани, клубови, казина, спортски обложувалници, од 18:00 часот до 7:00 часот наредниот ден и истите да работат со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.

10. Се забранува за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, одржување настани, патувања, собири, обуки, семинари, конференции и друг тип средби и да ги откажат истите.

11. Се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, а се прекинува специјализацијата на сите државни специјализанти и супспецијализанти вработени во Здравствен дом Скопје и истите се враќаат на своите работни места во матичната установа.

12. Се забранува на економските оператори и производители од Република Северна Македонија, извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали, потребни за справување со коронавирус ковид-19, освен за оние за кои е добиена посебна дозвола издадена од Министерство за здравство.

13. Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високоризичните земји согласно листата на Светската здравствена организација, како и од тие земји кон Република Северна Македонија,

14. Да се забрани влез на странски државјани од земјите со висок ризик, согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство на линкот: zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji11.03.2020.pdf, (во натамошниот текст: Листата на Светската здравствена организација), освен оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

15. Во случај на појава од патници на граничните премини на Република Северна Македонија од земјите со висок и среден ризик, согласно листата на Светската здравствена организација, истите задолжително да спроведат самоизолација.

Мерките ќе се применуваат до 24 март, освен мерката број 7, која ќе се применува 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на 13 март.

Во соопштението, исто така, се наведува дека треба да бидат ослободени од работа и работни активности лица со хронични респираторни заболувања; 2) Тешки кардиоваскуларни заболувања; 3) Дијабет – ТИП1; 4) Малигни заболувања; и 5) Имуно-компромитирачки состојби, и тоа:

Хронични респираторни заболувања:

– ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

– Астма – J45

– Интестицијална фиброза – Ј84

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

– Срцева слабост со EF<40

– Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци

– Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија

– Тешка аортна и митрална стеноза

– Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци

– Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

– Длабока венска тромбоза до 3 месеци

Дијабетес мелитус:

– Дијабетес тип I – инсулин зависен

– Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

Сите малигни заболувања – C00-C97

Имунокомпромитирачки состојби:

– Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0

– Хроничен нефротичен синдром – N04.9

– Интермитентна хемодијализа – Z99.2

– Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00

– Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.

Владата даде препорака и за сите хронично болни пациенти чија хируршка интервенција претходно била закажана и постои можност да се одложи, односно да се извршуваат само итни неодложни хируршки интервенции, особено онколошките.

10. Во однос на продолжување на терапијата на хронично болните пациенти кои до сега требало да одат на лекар специјалист, во следните денови да се обратат кај своите матични лекари.

Ова мерка не важи за новодијагностицираните пациенти.

Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, Владата го задолжи Министерството за здравство, во соработка со центрите за јавно здравје, да преземе дополнителни мерки за заштита од ширење на овој вирус, односно да се мобилизираат медицинските екипи со епидемиолог од Охрид и еден инфектолог или доктор (или инфектологот кој е во работен однос во бањите Цапа да се стави во служба и за потребите на центрите за јавно здравје).

За овие мерки да се достави извештај до крајот на денешниот ден, со цел Министерството за здравство да објави превентивно соопштение на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, за можноста од воведување на карантин.

Скопје

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш

Објавено пред

„​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.

„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.

Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

dobivaj vesti na viber

Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.

Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ2 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа8 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија20 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија22 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија24 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...