Македонија
(Видео) Мицкоски: Власта нема да свика собраниска седница за несреќата во Тетово, така ќе биде лоцирана вина
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Битола одговарајќи на новинарско прашања во однос на тоа дали очекува Собранието да се свика по барањето за расправа за несреќата во Тетово истакна дека од политички измамници и криминалци не очекува ништо а власта нема да свика собраниска седница за несреќата во Тетово, затоа што така ќе биде лоцирана вина, и кабелот нема да биде виновен како до сега.
„Владата го лоцираше, и Зоран Заев, виновникот за 14 луѓе што живи гореа, за нив виновникот е продолжениот кабел, не е виновникот ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев, ниту заменикот Хасани, ниту Бесими директорот на болницата, ниту тие што пуштиле објект во употреба, што не требало да го пуштат, виновник бил кабелот. Така што не очекувам да свикаат таква седница, иако ние поднесовме, еве пречката беше формална, велеа дека требало да се користи новата придавка во името. Јас реков, еве јас ќе трпам политичка штета, ќе ја користиме и ќе поднесеме ако е тоа проблемот, еве поднесовме не очекувам да свикаат затоа што знаат дека на тој начин ќе треба да ја признаат вината и дека нема тогаш да биде виновен кабелот туку точно по вертикала ќе биде лоцирана вината. Така што од овие политички измамници и криминалци не очекувам ништо“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.