Македонија
Мицкоски во Ново Село: Ние сме против отворањето рудник во овој крај
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со граѓаните на населените места Мокриево и Сушица, Ново Село. Пред граѓаните на Мокриево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека земјоделието е во слободен пад, а власта стана рекордер по криминал, сиромаштија и назадување.
„И како ова да не беше доволно, власта сега им наметнува нов проблем на жителите на општината не откажувајќи се од намерата за отворање рудник. Ние сме против отворањето на рудникот во овој крај, кој доколку се случи тоа и помине манипулацијата која ја прави власта ќе биде на штета на овие граѓани, пред сè на нивното здравје, и самиот начин на кој се турка оваа идеја се прави на начин кој не е честит и не е коректен”, вели тој.
При посетата на Сушица, Мицкоски посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се чувствуваат измамени , нема ништо од ветувањата на власта за поддршка за земјоделците, нема поддршка за пласман на земјоделските производи, нема зелена нафта, ниту, пак, бенефициран стаж за земјоделците.
„Тука нема ништо од она што Заев така гордо го изјавува дека како земја сме блескале. Народот овде се бори со тешкото секојдневие”, вели Мицкоски. Тој порача дека токму поради неостварените ветувања и лагите, власта мора да се казни, казна која граѓаните ќе ја испорачаат на наредните избори, кои не се само за избор на претседател, туку и ќе го одредат правецот во кој ќе се движи Македонија. „Македонија ќе победи, ќе победи правдата и вербата во принципи”, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.