Контакт

Македонија

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и оваа зло кое што надвиснало над нашата татковина, а кое што го предводи Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Но, за тоа ни е потребно обединување. Секогаш во историјата кога ВМРО-ДПМНЕ застанало цврсто во одбрана на државните и националните интереси, потребно било обединување под бајракот на слободата. Така ни е потребно и овој пат, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на собирот во месноста Паленица во населба Драчево.

dobivaj vesti na viber

„Нас што ни е потребно обединување, подавање рака од човек на човек, добронамерник на добронамерник, патриот на патриот, брат на брат, сестра на сестра. Тоа ни е сега неопходно. Само сплотени, заедно, под бајракот на слободата, можеме да си ја браниме татковината. И нема да им успее да не разделат и покрај сите оние кинески ѕидови кои што ги градат помеѓу нас. Ова зло кое што му се случува на Република Македонија има име и презиме. Се вика Зоран Заев. Човек без визија, без политичка култура и човек без платформа. Единствен проект кој што го има е како да ја подвитка кичмата на сопствениот народ и на сопствената татковина. Нема тоа да му го дозволиме“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека секој час кога ќе ги погледне очите на неговите студенти гледа една желба, колку побрзо да дипломираат и да ја напуштат оваа прекрасна држава нашата татковина Република Македонија. „Ме боли и не знам што да им кажам. Ако зборувам од срце, срцето плаче. Се обидувам да бидам разумен и да им кажам стрпете се останете овдека, каменот тежи само дома. Дајте ни шанса, ќе дојдеме ќе ја вратиме вербата во вас, немојте да се обесхрабрувате. Имаме план имаме, имаме проекти, знаеме како, Македонија е моја и ваша и на сите вас овдека и мора да се бориме за истото. Среќавам многу луѓе кои што се под притисок, под закана, дека ќе ги загубат работните места ако се поздрават со мене, ако дојдат да испијат едно кафе со мене. Ви велам доста е. Доста е браќа и сестри, само вие можете да го победите стравот. Јас сум тука да ви помогнам. Мојата цел е јасна, мојата цел нема алтернатива. Ветуваа многу, а сега гледаме дека лажеа. Колку ли само е тешко да го гледаш човека во очи и да го лажеш. Како не им е срам? Нема 500 евра плата просек, нема поголеми плати за вработените во здравството нема 600 километри автопат, нема зголемени пензии, нема поконкурентно образование, нема реформирано судство, а помина една година. А така храбро викаа во кампањата знаеме во каква ситуација е Македонија имаме решение живот ќе донесеме. Донесоа чемер и јад, ништо друго“, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека е време да му застанат на патот на целото ова омаловажување и понижување, да им застанат на патот на сите овие навреди. „Мораме да понудиме алтернатива, мораме да понудиме како тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ во моментот и дел од тие проекти кои што планираме да ги имплементираме, првиот ден откако ќе ја формираме новата влада. Тие ќе бидат презентирани на големиот народен собир кој што ќе се одржи на 2 јуни пред Владата. Изминатиот период многу луѓе ме среќаваа и ми велеа тивки сте ве нема, се сомневаа, имаше многу сомнежи. Но на сите им дадов еден одговор. Лесно е да влезеш во битка во која што крајот е неизвесен и лесно е да војуваш со туѓи синови. Јас сакам да ве поведам во битка во која што сите заедно ќе победиме, и таа битка нема да биде лесна и нема да биде кратка. Дојде денот кога таа битка ќе почне и ќе трае летово и ќе трае есенва, се до предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража

Објавено пред

„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента

Објавено пред

Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.

dobivaj vesti na viber

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апел за помош за малиот Војдан

Објавено пред

„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.

dobivaj vesti na viber

Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.

Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...