Македонија
Мицкоски: Единствена безбедносна закана за граѓаните е криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ
Единствена безбедносна закана за државата и граѓаните претставува криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ, а сè друго е манипулација и сеење страв помеѓу граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета во Битола, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на владини функционери дека ако сега не се реши прашањето со Бугарија ќе има можен безбедносен проблем за државата.
„Тоа го слушнав од еден соработник на Зоран Заев во владата, вицепремиер кој повторно се заканува со милитантни изјави дека ќе имало безбедносни проблеми. Сакам да ги успокојам граѓаните дека такви проблеми ќе нема. Единствена безбедносна закана за државата претставува криминалната коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, којашто, за жал, придонесе да 45 луѓе ја доживеат онаа стравотна несреќа, 14 луѓе живи да горат во модуларната болница во Тетово, повеќе од 7.000 луѓе да го загубат својот живот поради неспособноста во справувањето со ковид-пандемијата“, рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека сето тоа ни се случува поради широко распространетата корупција, односно гнилиот систем и политичкото мочуриште кое е резултат на оваа нелегитимна, криминална коалиција СДСМ и ДУИ.
„Тоа е она што претставува сериозна безбедносна закана за граѓаните во Македонија. Сето останато не би сакал да верувам, преставува уште еден обид за манипулација и страв кај граѓаните од страна на овие политичари кои мислат дека живеат неколку децении во минатото наместо да живеат неколку децении во иднината“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека не би сакал да верува дека некој повторно сака да тргува на сметка на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава за да може да заштити свои бизнис-интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)