Македонија
Мицкоски: Македонија втора на Балканот со заболени од коронавирус по бројот на жители
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави на социјалните мрежи дека Македонија е на второ место по бројот на заболени од коронавирусот на Балканот по број на жители.
Дополнително, Мицкоски упати поддршка за македонските лекари, здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.
„За жал, една неповолна статистика за Македонија која е на второ место по број на заболени од коронавирусот на Балканот по број на жители:
-Хрватска 102 заразени на 1милион жители;
-Македонија 88 заразени на 1милион жители;
-Црна Гора 83 заразени на 1 милион жители;
-Грција 71 заразени на 1 милион жители;
-Албанија 51 заразен на 1 милион жители;
-БиХ 51 заразен на 1 милион жители;
-Србија 35 заразени на 1 милиони жители;
-Бугарија 32 заразени на 1 милиони жители;
-Турција 22 заразени на 1 милион жители;
12% од заразените во Македонија се лекари затоа што несоодветно се заштитени.
Поддршка за македонските лекари, сите здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на овие луѓе, нашето здравство мора да обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди“, напиша Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.