Македонија
Мицкоски: Математички може да докажам дека ќе бидеме подбра власт од оваа на Заев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево, каде говореше за актуелната политичка состојба како и за штетните економски политики кои, како што рече, ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.
Како што информираат од неговата партија, Мицкоски пред граѓаните посочил дека со најавеното зголемување на даноците нема да се опфатат само најбогатите, туку власта ќе удри по џебот на сите граѓани.
„Нема да ветуваме дека имаме 500 евра плата, но ќе покажеме методологија каде што ќе покажеме дека можеме да дојдеме до 500 евра плата. Нема да ветуваме дека сите пари ќе бидат кај граѓаните, а од друга страна ќе воведуваме нови поголеми даноци да им ги земеме назад тие пари, туку ќе ветиме достоинствен живот за сите граѓани онаков каков што сега го нема и тоа ќе го ветиме и ќе го направиме уште во првиот мандат, а потоа граѓаните нека судат“, истакнал Мицкоски.
Тој додал дека ситуацијата во државата од ден на ден станува се поалармантна и позагрижувачка за граѓаните, односно како што рекол, власта со неподнослива ароганција се фали дека поскапува лебот ама само најевтиниот леб, како да граѓаните претходно купувале само најскап.
„Алармантна е ситуацијата, ја губиме државата. Заев бега од дебата само поради тоа што е свесен за својата неспособност, неработа и негрижа за решавање на реалните проблеми за обезбедување на квалитетен и достоен живот за граѓаните на Република Македонија“, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рекол и дека е подготвен да дебатира секаде – на било кој медиум, да одговари на било кои прашања и да се докажува и математички ако треба за сето тоа што го ветува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.