Македонија
Мицкоски: Не ја разбирам потребата од појаснување на македонскиот јазик кој во минатото е кодифициран
„Пред овој настан бев во таква научна институција, го завршувавме семестарот и имав можност да разговарам со други научни работници и инженери, не лингвисти, луѓе коишто животот го посветиле на истражување на македонскиот јазик. Тие со згрозување гледаат на тоа што се случуваше изминатите денови. Луѓето не можат да поверуваат дека некој македонски политичар може да стави потпис на таков документ како што стави оваа Влада. Посебно се потресени од едностраната изјава на Владата за значењето на македонскиот јазик. И не знам зошто е потребно македонската Влада да го појаснува македонскиот јазик, да го дополнува итн. кога македонскиот јазик има своја јасна антропологија уште во времето на многу преродбеници во минатото, и кодифициран и стандардизиран“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, при одговарање на прашање за реакциите на научните работници од лингвистиката околу изјавата на Владата за македонскиот јазик.
Мицкоски додаде дека не ја разбира потребата на Владата да го појаснува македонскиот јазик.
„Ќе имаме многу за коригирање кога ќе ја преземеме Владата и овие политичари ќе треба да дадат многу одговори кога ќе бидат изведени на одговорност. Ако некој мисли дека ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два-три дена, се лаже. Ова ќе остане длабоко врежано во меморијата на секој Македонец, но и во нашата. И наша обврска е да им го поставиме во лице ова прашање кога ќе дојде денот. Сега нормално, при ова заробено судство, обвинителство, органи на прогон, тешко дека може нешто да се направи. Но, многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе треба да дадат одговори зошто беше потребно сево ова“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.
Македонија
Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд.
Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото, знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност“, напишаа од македонската Армија.