Контакт

Македонија

Мицкоски: Пакетот на Владата е недоволен и задоцнет, нè чека тешка економска криза

Објавено пред

Ова денес што го говорам не е за политички поени или дека по автоматизам треба да се критикува сè она што доаѓа од Владата. Туку дека според објективни параметри ова нема да ја залечи економијата, а кризата ќе се позадлабочува. Мерките за стопанството и граѓаните кои ги донесе Владата се причина за огромна и сериозна загриженост дека нè чека црна и тешка економска криза. Помошта што ја дава Владата не само што е задоцнета, туку и недоволна. Пакетот мерки е огромно разочарување за граѓаните и бизнисот, по вторпат. Ова е далеку од доволно. Кога состојбата не била трагична сигурно некој ќе каже дека Владата се шегува со вакви мерки за стопанството. Не викам дека нема поединечни мерки кои не се добри и нема да помогнат. Но, ви викам, ви тврдам дека целиот пакет за помош не е вистински и не е доволна помош која му треба на стопанството и граѓаните“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според него, овој пакет нема споредба со она што го нудат државите од регионот. Србија помошта од 5 милијарди евра ја понуди кон граѓаните и бизнисот. Словенија 3 милијарди евра, Грција 6.8 милијарди евра и итн. Во Словенија сите само вработени од погодените бизниси ќе добијат помош од 700 евра. А, државата ќе им ги плати придонесите, 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија. Додаток на плата од 100 евра ќе добијат и семејствата со три или повеќе деца. А, оние кои ќе имаат дури и повеќе од три ќе добијат помош од 200 евра месечно.
Србија најави помош од 100 евра за секој возрасен граѓанин. Тоа се околу 520 милиони евра. А со цела минимална плата ќе ги помогнат индивидуалните бизниси.

ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови најави дека ќе достави уредби со сила на закон за мерките коишто ги предлага. „Да се отвори дебата на самата владина седница за да може претставникот којшто ќе биде таму и којшто е дел од техничката Влада да ги брани тие мерки. Првата мерка којашто ќе ја доставиме е да бидат покриени до 50 проценти од трошоците по основ на бруто-плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. И тоа не само за месеците мај и април, коишто ќе бидат исплатени во мај и во јуни, туку тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки.

Втората мерка којашто ја повторуваме по третпат е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата коишто во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеца јануари и февруари 1 и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум и пол до 10 милијарди денари“, рече Мицкоски.

Тој предлага веднаш да се организира состанок кој ќе го води премиерот на Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министерката за финансии, претставници на највисокото ниво на македонските банки, финансиски институции, гувернерот на којшто ќе се разговара за мек трансфер на средства од благајнички записи во државни хартии од вредност. Да може Народната банка најпрво да ја намали каматната стапка од 1.75 на 1.5 или 1.25 да станат помалку тие атрактивни на сметка на тоа да бидат запишувани државни хартии од вредност преку Министерството за финансии. Коишто можат доколку постои доверба кај банкарските и финансиски институции да бидат насочени за поддршка на бизнисот, поддршка на буџетот и, конечно, за поддршка на граѓаните во процесот за справување со пандемијата на коронавирусот.

„Веднаш состанок на којшто овие стерилизирани средства, оваа ликвидност од банките полека на мек начин ќе биде пренасочувана од Народната банка кон државата, односно Министерството за финансии. Понатаму робустна, агресивна акција за испорачување на капиталните инвестиции. Мора капиталните инвестиции да се реализираат за да може да имаме паричен тек. Мора капиталните инвестиции робустно, масовно да бидат реализирани и испорачани, а со тоа да бидат повлечени сите кредитни линии коишто се поврзани со инфраструктурните капитални инвестиции.
Замрзнување на ануитетите во банките на граѓаните и правните лица. Не вака, не со определена корекција и не со репрограмирање туку веднаш замрзнување на ануитетите за отплата на главнината и каматата на граѓаните и правните лица во банките во период од 3 до 6 месеци. Веднаш со уредба со сила на закон.

Намалување на трошоците во буџетот. Ги поздравуваме сите оние намалувања на трошоците во буџетот како што се намалување на платата на избраните и именуваните функционери на минималец од 14.500 денари за месеците април и мај. Го поздравуваме укинувањето на додатокот на членовите на совети, на членовите на надзорни одбори на членовите на управни одбори сè додека кризата не заврши. Но истовремено апелираме за намалување и целосна пренамена на средствата коишто се користат за партиски вработувања од времен карактер, за репрезентации, трошоци со договорни услуги. Веднаш рационализација на буџетските трошења. На тој начин ќе обезбедите неколку милијарди денари што потоа можете да ги користите за поддршка на буџетот и за поддршка на стопанството. Сето ова коешто ВМРО-ДПМНЕ изминатиот го предлагаше нека биде ваш предлог. Заборавете дека ВМРО-ДПМНЕ го предложило и дека Христијан Мицкоски го предложил. Јас сум свесен дека поради вашата надменост тешко ќе си признаете дека ова е вистинскиот пат, но барем еднаш во вашиот живот ставете го пред партискиот интерес, државниот интерес и интересот на граѓаните. Прифатете ги овие мерки, прифатете за добрата и стабилна иднина на нашата држава и нашите граѓани“, додаде Мицкоски.

Македонија

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Објавено пред

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.

Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.

„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кузеска: Констатирани се мали прекршувања на изборниот процес, ги очекуваме резултатите и уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Објавено пред

Богданка Кузеска од Изборниот штаб на СДСМ, по затворањето на избирачките места изјави дека изборниот ден бил демократски, а гласањето се одвивало во фер и демократска атмосфера.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено како што доликува на една демократска земја – членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ. Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес. Сакаме да изразиме благодарност до сите граѓани кои денеска гласаа. Самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и иднината на државата. Ги очекуваме изборните резултати и уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина за Македонија. Иднина во која Македонија е дел од европското семејство и членка на ЕУ“, порача Кузеска.

Повтори дека ги очекуваат изборните резултати и наскоро ќе излезат со точни податоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Објавено пред

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, безбедните избори биле резултат на добрата соработка меѓу полицијата, Државната изборна комисија и сите други чинители кои биле вклучени во спроведувањето на изборниот процес

„Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа на гласање и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на инклузивно општество“, кажа Тошковски.

Истакна дека биле евидентирани повеќе настани кои се однесуваат на прекршување на изборниот процес.

„На ниво на целата држава евидентирани се 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачко ливче, шест пријави за нудење на поткуп и 15 пријави за агитирање. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријавата за испукана димна бомба од страна на тимот за антитероризам извршена е проверка , подигната е направата и предадена е на претседателот на избирачкиот одбор. Констатирани се шест прекршоци, а ќе бидат поднесени и две кривични пријави, една за повреда на тајност на гласањето и една за повреда на избирачко право“, потенцира Тошковски.

Во Охрид било пријавено јавно гласање пред комисијата а во Тетово биле пријавени упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.

Во Куманово како што додаде, две гласачки места во село Умин Дол биле затворени а избирачкиот материјал бил вратен во канцелариите на ОИК.

Во Струмица едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија45 минути

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија1 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија1 час

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија1 час

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија2 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија2 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија2 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија2 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија3 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија3 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија5 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија7 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија8 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија8 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија9 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија10 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија11 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион11 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...