Македонија
Мицкоски со честитка за Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, упати честитка по повод празникот Курбан бајрам.
Честитката ја пренесуваме интегрално
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам празникот Курбан бајрам.
Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник.
Богатството во Македонија е во различностите на верите, културите и традициите.
Соживот и толеранција се основите работи кои мора и треба да им го оставиме на идните генерации. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок.
Наша заедничка мисија треба да биде градење на просперитет и благосостојба на секој граѓанин кој живее во Република Македонија преку разбирање на неговите чувства и традиции.
Да се стави крај на поделбите, омразата и сегрегацијата, на општество коешто е како со нож поделено, да не се креираат теми кои во својата суштина се непотребни, а создаваат негативни емоции и повреда на нечии чувства. Да се фокусираме на она што е подеднакво важно за секој еден граѓанин без разлика на верата и етничката припадност, а тоа е потребата за подобар живот. Граѓаните се обединети во маката и во потребата за решавање на нивните проблеми.
Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво. Духот на солидарноста, кој е симбол на овој празник, нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните.
Нека празничните мигови донесат среќа и надеж, но исто така радост, бериќет и успех.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.