Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното Обвинителство, откако вчера преговарачката тројка од ВМРО-ДПМНЕ го напушти состанокот на партиските работни групи, барајќи да присуствува и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.
„Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме“, одговори Мицкоски запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на состаноците со работните групи кои што се однесуваат само на политичкиот дел. Тој потврди дека наредната надела ќе бидат дел и од јавната дебата.
„Еве следната недела како што вие велите ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво. Ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата“, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ не се против носењето на законот, уверува Мицкоски и вели дека основа за преговори постои, но треба да има и другата страна желба за да се постигне решение, односно да се прифатат аргументираните забелешки од нивна страна.
„Ние сме тука. Подготвени сме да преговараме и разговараме. Но априори ниту отфрламе, ниту прифаќаме. Ова е демократија, ние имаме различни мислења, ние имаме како политичка партија своја цел. Ние се стремиме кон таа цел, нашата цел е иста со целта на огромно мнозинство граѓани во оваа држава, а тоа е да имаме не само добар закон на хартија, туку да имаме имплементација во пракса“, рече Мицкоски.
По најавата дека јавниот обвинител Љубомир Јовески ќе учествува наредната недела на јавната расправа и за неговото тврдење дека предлогот е добар, Мицкоски вели дека е нормално Јовевски да да го промени мислењето и да каже дека сега дека законот е добар, откако за тоа добил инструкции од Медарски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.