Македонија
Мијалков ургирал кај Ахмети и Тачи да гласаат 800 гласачи во Центар
Во кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се репродуцираат необјавени бомби.
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, во телефонски разговор со Миле Јанакиески од 29 март 2013 година, му вели дека се договорил со Али Ахмети и Мендух Тачи да гласаат по 400 нивни гласачи за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, во Центар.
Мијалков му тврди на Јанакиески дека сè е договорено.
„Утре за секоја куќа треба да има еден човек што ќе ги носи со коли. Истиот систем е договорен и со Тачи. Тие ќе бидат известени и ќе гласаат за нас, 400 од ДУИ и 400 од Тачи, тоа се 800“, му вели Мијалков на Јанакиески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.