Македонија
Муцунски и шпанскиот амбасадор Гарсија пречекаа студенти од Шпанија и Франција
Денеска во просториите на Општина Аеродром пречекавме студенти од Шпанија и Франција кои се дел од програмата за размена на Универзитетот Американ колеџ – Скопје. На настанот свое обраќање имаа градоначалникот Тимчо Муцунски и шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија, соопштија од Општина Аеродром.
Градоначалникот Муцунски во рамките на своето обраќање ја претстави работата на Општината и ја истакна посетата како одлична можност за промоција на Аеродром.
„Многу сум среќен што денеска сте наши гости и што на овој начин можеме одблиску да ви ја претставиме Општина Аеродром и начинот на кој работи нашата администрација. Локалната политика претставува еден од најголемите предизвици затоа што се соочувате со различни прашања и теми кои директно се однесуваат на жителите. Во вакви предизвикувачки времиња за целиот свет, успеваме да дадеме сè од себе, а она за што ми е најмногу драго е што заедно со мојот тим ги реализиравме сите проекти за создавање подобри услови за младите, спортот и образованието“, изјави градоначалникот Муцунски пред студентите.
Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија нагласи дека општините во нашите земји имаат заеднички интереси, како што се создавање и одржување здрава и чиста животна средина, дигитализација и други теми со кои се соочуваат општините во сите европски држави.
„Ваквите проекти се од огромно значење, особено кога во нив се вклучени млади луѓе, затоа што на тој начин успеваме да ги презентираме нашите култури, традиции и начин на живот. Оваа посета може да се искористи и за создавање нови врски меѓу вашата земја со Шпанија и Франција и поттикнување нови соработки, а вашите тимови можат да работат на проекти со кои ќе аплицираат до фондовите на Европската Унија. Сакаме да помогнеме и да соработуваме на повеќе нивоа“, порача амбасадорот.
Градоначалникот Муцунски и амбасадорот Гарсија на крајот од посетата, заедно со студентите засадија неколку дрвја пред зградата на Општина Аеродром во знак на пријателство, создавање трајни врски и пријателства меѓу Македонија, Шпанија и Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука