Македонија
На граничните премини Богородица и Табановце за излез се чека до 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а зголемена фреквенција на возила има и на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.
Од АСМС информираат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.