Македонија
На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус
Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе може да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники, кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој утрово се сретна со директорите на ковид-центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за да се разгледаат состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање нови оддeленија за ковид-пациенти.
Во моментот интерните клиники располагаат со речиси 190 болнички кревети со довод на кислород. Министерот оцени дека иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има.
Вкупно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ има околу 350 кревети за ковид-пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на интерните клиники – Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 „Септември“ и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.