Црна хроника
На куче во Гевгелија му ја захевтале устата, отворена е сметка за донации
Страотни фотографии од куче на кој некој му ја захевтал вилицата со тапетарска хевталка во Гевгелија денеска осамнаа на социјалните мрежи. Активистите за заштита на животните сведочат дека кучето, женка, кое сега има име Амели, вреска од болка по грозоморниот чин што му бил направен.
Веќе неколку дена фотографијата од кучето се споделуваше на социјалните мрежи и се бараше помош за него, но дури денеска активистите успеаја да го лоцираат и се шокирале кога го однеле на ветеринар, а во устата биле најдени делови од тапетарска хефталка.
„Едвај јаде, се лигави и мириса на скапано. Нормално дека не ја одминавме! Ја зедовме и однесовме на ветеринар. Кучето е живо и ќе се вика Амели. Во моментов кучето е на пат за Скопје, каде што ќе биде оперирано и сместено постоперативно. Ова ќе биде долга и мачна борба, но ние не можевме да ја оставиме да умре“, пишува активист за заштита на животните од Гевгелија.
Од хуманите граѓани се бара секој да донира колку може, со цел да се спаси неговиот живот.
Сметки за донации:
200003109942988 Мелиса Богоева Стопанска банка
Paypal: [email protected]
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.