Македонија
НДМ бара МАНУ да изработи национална стратегија
Членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) треба да напишат стратегија, а не да праќаат апели и да се луксузираат со народни пари, се вели во реакцијата на Народно движење за Македонија (НДМ) во коешто се изразува „огорченост“ и „големо разочарување“ од соопштението од петокот на претседателството на Академијата кошето се сведува на изразување длабока загриженост од академиците за актуелната криза и апел до партиите за смирување на состојбите во земјата.
За НДМ таквите апели на МАНУ се слаби. без да се каже како да се обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет.
„НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците, кои манифестираат селективна сенилност за местото и улогата на МАНУ, и да ги потсетиме дека МАНУ не е невладина организација или здружение на граѓани или политичка партија да праќа критики, апели и писма за опишување на кризата во земјата, туку токму МАНУ како врвната научна институција во земјата има обврска да изработи стратегија, и тоа не стратегија со која Македонија ќе биде фрлена на колена, туку стратегија за одбрана на националните и државните интереси“, се вели во реакцијата.
Оттаму, како што посочуваат од НДМ, народот очекува од МАНУ да види стратегија како национален проект, бидејќи „борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по периодот на стекнувањето на независноста во 1991 година, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на државата“.
Потсетуваа, исто така, дека за разлика од соседните земји, единствено МАНУ уште нема изработено излезна стратегија како македонски проект. Поради тоа НДМ ги повикува академиците да го оправдaат трошењето на народни пари и да не се луксузираат врз грбот на граѓаните како даночни обврзници, со тоа што, најпосле ќе седнат и ќе напишат стратегија за заштита на националните и државните интереси./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.