Македонија
Неколку скопски општини ќе останат без струја
„ЕВН Македонија“ соопшти дека за денеска се планирани неколку исклучувања во електросистемот и без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Бродец во Чучер Сандево, како и корисниците на дел од улицата Ѓурчин Кокале, улицата Македонска преродба, како и дел од улицата Борис Сарафов во општината Ѓорче Петров.
Исклучувања во електросистемот ќе има и во општина Центар во периодот од 8.30 до 11 часот кај корисниците на дел од улицата Партизански одреди зграда бр. 39.
Корисниците од улицата Лазар Димитров, како и куќите на потегот помеѓу улицата и пругата во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, а во истиот период струја ќе немаат и корисниците од селата Јаболци, Нова Брезница, Патешка Река, Држилово, Црн Врв, Малчиште, Елово, Осинчани, со сите стопански и нестопански објекти во тој потег, каменоломите на „Рудопроект“, „Беровиќ“, цементарницата „Титан“, хидроцентралата „Патешка Река“, селата Долно Соње, Горно Соње, Говрлево, Ракотинци, Маркова Сушица, Чифлик, како и Света Петка, со сите стопански и нестопански објекти во тој потег во општина Сопиште и во Студеничани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.