Македонија
Непроодни повеќе патишта и отсечени неколку села поради снегот
Повеќе патишта во Македонија се непроодни, а неколку села останаа отсечени поради снежните врнежи. Според информациите од Центарот за управување со кризи, состојбата на патиштата до 17 часот е следна:
Скопски Регион
Сите локални патни правци во град Скопје и околината се проодни, освен патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино, кој не е прооден, а село Танушевци нема електрична енергија.
Во општина Кисела Вода не се проодни патните правци кон селата од планинскиот регион на општините Сопиште, Студеничани и Зелениково.
Битолски Регион
Регионалниот патен правец Крушево-Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема.
Охридски Регион
Во општините Дебар и Центар Жупа регионалниот пат Дебар-Жировница и Дебар-хидроелектрана ‘Глобочица’ се проодни во зимски услови. Патот за село Броштица е непрооден.
Патиштата кон селата Кладник, Белица, Малкоец и Ехлоец во моментов се проодни само со теренски возила.
Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон повисоките села – Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино Село и Сушица не се проодни.
Во општина Струга не прооден е патниот правец од с. Присовјани до хидроцентралата ‘Глобочица’. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Подмоле-Ќафасан. Патниот правец за Загрчани, Вишни и Г. Белица не е прооден.
Велешки Регион
Патните правци накај Г. Јаболчиште и Богомила се проодни во зимски услови.
На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патниот правец кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и патниот правец кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица се проодни само за теренски возила.
Штипски Регион
Патните правци во Плачковичкиот Регион се тешко проодни.
Кумановски Регион
Во општина Старо Нагоричане, единствено регионалниот патен правец кон Р. Србија-Пелинце е приспособен за движење, а патните правци што гравитираат кон селата во Козјачијата се тешко проодни.
Во општина Липково непроодни се патните правци што гравитираат кон повисоките села – Гошинце, Лукаре и Малино.
Во општина Крива Паланка регионален пат Ранковце-с. Герман е прооден до с. Пклиште, а од с. Пклиште до с. Герман е непрооден.
Регионалниот патен правец Крива Паланка-с. Огут е прооден за теренски возила.
Регионалниот патен правец Крива Паланка-село Луке е прооден во зимски услови.
Од „Македонијапат“ и АМСМ известуваат дека забрана за движење тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Ресен-Битола на планинскиот превој Буково Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос, патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово-Попова Шапка, каде што забраната важи и за автобуси, а за другите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири).
На патниот правец Маврово-Дебар, во близина на манстирот „Св. Јован Бигорски“, поради свлечиште, сообраќајот е во целосен прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања
Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.
Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.
„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.
„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.
Македонија
Левицата: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”
Вработените во јавното претпријатие ,,Македонски шуми” три месеци безуспешно се борат да ги добијат своите плати, задолжителните придонеси од плата, теренските додатоци и униформи за работа, реагираат од Левица.
„Тие прво штрајкуваа со присуство на работното место, па денес пред просториите на нивната дирекција, а трет чекор ќе биде да излезат пред Владата. Генералниот директор, Валентин Груевски од ЛДП и менаџерите на ова претпријатие не понесуваат никаква одговорност за неефикасното работење на ова претпријатие кое тоне во долгови. Додека безмилосно се касапат, македонските шуми и се богати зелената мафија, затоа што претпријатието не инвестира во нова опрема, сите пари се трошат за создавање неефикасен административен кадар од партиските редови на власта. ,,Македонски шуми” немаат доволно средства за шумски полицајци, додека претпријатието прима партиски кадри. За расипничкото менаџирање говори скандалот со купувањето нa луксузни службени возила за раководството, додека нема средства за теренски возила, кои се апсолутно потребни во борбата со шумската мафија“, истакнуваат од оваа партија.
Ова, како што потенцираат, не е изолиран случај само со ова јавно претпријатие, туку стана пракса во изминатите 30 години – јавните претпријатија да бидат најголеми загубари, за да ги задоволат апетитите на клиентелистичката машинерија на секоја власт.
Додаваат дека длабоко вкоренатата партизација ги уништува институциите кои треба да се јавен сервис.
„Но, јасно е дека без партиски вработувања, триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ нема како да егзистира на политичката сцена!
Затоа, на престојните избори, македонскиот народ треба, конечно, да стави крај на тридецениското уништувачко владеење на овие партии и, конечно, нови генерации политичари да докажат дека може и мора да се управува поинаку“, истакнуваат од Левица.
Македонија
Мицкоски: СДСМ е измеќар на ДУИ
Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе 2 недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.
Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.
“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.