Македонија
Николоски: Димовски и Спасовски да понесат одговорност за државјанството на Онишченко – тој е на црна листа на САД и по него трага Украина
Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето македонско државјанство на белосветскиот криминалец – Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина, порача на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Рече дека никакви суспензии на службеници не може да ја тргнат вината од Спасовски и Димовски.
„Покрај тоа што Онишченко е на црна листа на САД, тој е и лице по кое има потерница од страна на Украина, имено на вебсајтот на МВР на Украина стои името и податоците токму на ова лице. Овие податоци морало да бидат проверени од АНБ и МВР. И Спасовски не може да избега од одговорност, исто како што не може да избега од одговорност за издадените пасоши на Шкаљарците, Седат Пекер и редица други белосветски криминалци коишто гледаме се убиваат помеѓу себе со македонски пасоши. Очигледно Оливер Спасовски преферира лица кои се на црната листа на САД за бизнис-соработка, како што е големиот скандал што го изнесов во јавноста за соработка со фирмата ‘Инфинити’ на синот на Додик“, рече Николовски.
Опозициската партија очекува институциите да реагираат со одземање на државјанството на Онишченко, а Спасовски и Димовски да поднесат оставка.
Не може македонските безбедносни служби, вели Николовски, наместо за сузбивање на криминалот, заштита на уставно правниот поредок на Македонија да се користат за поддршка и логистика на белосветски мафијаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.