Македонија
НЛБ Банка со понуда за доброволно приватно здравствено осигурување во соработка со Сава осигурување
НЛБ Банка повторно ја прошири својата понуда на осигурителни продукти и во соработка со Сава осигурување воведе приватно здравствено осигурување, со што ја потврдува позицијата на лидер и предводник на пазарот во Банкоосигурување.
Грижата за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски е најзначајна, па со овој продукт, на клиентите ќе им се овозможи користење на посебно креирани пакети за ефикасна здравствена заштита. Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу стандарден и премиум пакет во зависност од сопствените потреби и можности, кои овозможат различни покритија и ги покриваат трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата.
„Со воведување на овој продукт во соработка со нашиот долгогодишен партнер Сава осигурување ja доближуваме врвната здравствена заштита до сите клиенти, особено во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на нашето секојдневие. Благодарение на поволните здравствени пакети кои ги нудиме, приватното здравствено осигурување станува подостапно до сите кои сакаат најдобро решение за потполна здравствена заштита, а прегледите да ги закажуваат брзо и без чекање. “ изјавија од Банката.
Во врска со оваа понуда од Сава осигурување изјавија: „Дополнителното здравствено осигурување е осигурителен продукт за коj нашите клиенти покажуваат значително голем интерес. Следејќи ја нашата долгорочна стратегија, се одлучивме да го доближиме овој производ поблиску до нашите клиенти, со цел подобро да одговориме на нивните потреби. Овој продукт овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи. Отсега ќе биде достапен во сите експозитури на нашиот долгогодишен партнер НЛБ Банка“.
Со проширување на палетата на осигурителни продукти и со доброволното приватно здравствено осигурување, Банката продолжува во проширување на својата продуктна понуда со цел овозможување сеопфатен сервис на сите финансиски услуги и целосно опслужување на клиентите.
Повеќе информации за оваа понуда на НЛБ Банка и Доброволното приватно здравствено осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување на билатерален Договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција, со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на министерството за внатрешни работи, за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот Договор за соработка во областа на безбедноста кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.
Македонија
Ќе се основа медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени
Со усвоениот закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.
Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и висока медицинска школа.
Како што објави Лазаревска, наставните бази на факултетот ќе бидат Клиничката болница – Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ – Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ – Охрид , Специјалната болница за нефрологија – Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти, кои ќе станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места да студираат во своето место. Значително ќе придонесе во создавањето нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.
Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.