Македонија
Нова владина одлука – се спречува злоупотребата на службени возила
На денешната владина седница е донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.
„Со новите одредби, секое користење на службенте возила мора да e одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности“, изјави заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.
Сепак. во однос на оваа одлука ќе има и исклучоци, како на пример за лицата со службени овластувања вработени во државните органи од областа на безбедноста, одбраната и разузнавањето заради извршувања на посебни овластувања согласно закон.
„Од оваа одлука исто така се изземени и службените возила на МВР, Министерство за одбрана, Агенцијата за разузнавање, Агенција за национална безбедност, од причина што се работи за органи од витално значење за безбедноста на државата. Одлуката не се однесува на возилата што ги користат претседателот на Владата, вицепремиерите и министрите, бидејќи согласно нивната надлежност употребата на овие возила е регулирана согласно актите на Службата за општи и заеднички работи“, нагласува Николовски.
Како што појаснува вицепремиерот, одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе се обезбедуваат дозволите за користење овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција, додава Николовски.
Во изминатиот период се донесе и одлуката со која се ограничуваат трошоците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.