Македонија
Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.
Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48, Велес – 41, Кичево– 35, Штип – 30, Гевгелија – 29, Охрид- 28, Кочани – 25, Радовиш – 24, Неготино – 21, Струга – 18, Гостивар – 17, Делчево – 14, Ресен -12, Крушево – 11, Струмица – 10, Пробиштип – 9, Свети Николе – 7, Македонски Брод – 5, Демир Капија – 4, Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2, Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.
Направени се 7.219 тестови преку: ИЈЗ-487, ЦЈЗ Скопје-100, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-75, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-104, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-300, Биотек-311, Систина-90, лабораторија Лаор-311, Синлаб-83, Ремедика-29, Плодност-103, Генеа-24, Никоб Лаб-797, ВФВ Медикал-116, Ели Медика-86, Ројал Медика–73, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–75, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-53, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.444.
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 115119, Активни 10834
Куманово 14251, Активни 760
Прилеп 12324, Активни 885
Тетово 11978, Активни 453
Битола 11916, Активни 1650
Гостивар 8506, Активни 305
Кавадарци 8328, Активни 555
Велес 8096, Активни 392
Охрид 7673, Активни 636
Штип 7294, Активни 325
Струмица 6883, Активни 450
Кичево 4753, Активни 296
Кочани 4454, Активни 226
Струга 4241, Активни 240
Гевгелија 3472, Активни 339
Неготино 2949, Активни 212
Свети Николе 2319, Активни 114
Ресен 2207, Активни 240
Крива Паланка 2126, Активни 123
Радовиш 2111, Активни 194
Делчево 1677, Активни 147
Берово 1602, Активни 101
Дебар 1487, Активни 21
Валандово 1270, Активни 164
Виница 1242, Активни 43
Пробиштип 1230, Активни 46
Кратово 857, Активни 62
Богданци 801, Активни 81
Крушево 799, Активни 140
Демир Хисар 741, Активни 74
Македонски Брод 606, Активни 37
Македонска Каменица 480, Активни 45
Демир Капија 464, Активни 19
Пехчево 402, Активни 29
Дојран 199, Активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината
Продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам во Охрид, каде што Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска-Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски ѝ биле единствен критериум за ова место, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам.
1. Кристина Крлеска-Деспотоска со таа роднинска моќ, по 4 години директор во ЈП „Пазар“, по смена на локалната власт, е преместена на функцијата директор на Централниот регистар во Охрид, но веќе е поведена истрага од надлежните институции поради сомнеж за фалсификувани документи;
2. Поради семејните врски со Зечевиќ, сопругот Климе Деспотоски станува близок оперативец на Зечевиќ. И од тоа има ќар. Климе и Кристина имаат печатница Коста Абраш. Додека Кристина сопругата е директор на ЈП на Општина Охрид, нивната фирма од 2017 до 2021 има договори со општински ЈП (Водовод, Комуналец, Нискоградба) во вредност од 8.453.000 денари.
3. Мрежата на Зечевиќ преку роднините Климе и Кристина потоа се шири. Ремзи Курто со доаѓањето на Кристина на чело на СДС Охрид е унапреден во виш инспектор во охридската полиција, главен за резервниот состав и близок на Климе. Тој прима 19 резервисти пред два месеци, иако дел од нив не биле дел од составот, ниту пак се знае како е дојдено до нивно ангажирање. Со својата блискост, и пријателствување со Кристина и Климе, сопругата на Ремзи, Сервет, лани е унапредена во Пазарен инспекторат. Одам понатаму.
4. Милчо Јованоски, партиски пишувач на соопштенијата и текстовите за Кристина и СДС Охрид. Како заслуга, СДС го наградува со две директорски места во исто време. Тој директор на библиотеката Прличев, жена му Гордана директорка на ЈП Билјанини извори.
5. Блискиот пријател на Кристина и Климе и оперативец на Зечевиќ, Ванчо Костоски, соработник на СДС, советник во општина Охрид и претседател на ВМРО НП. Како Директор на ЈП Гробишта Охрид 2017-2021 има три кривични пријави. Како награда, лани, сопругата на Ванчо, Виолета Костоска е вработена во историскиот Архив.
Наградата за оперативната мрежа на СДС преку Зечевиќ и неговата роднина Кристина има цел кластер во МВР. И за таа работа и посветеност кон Зечевиќ цели семејства се вработувани.
Оперативци на Зечевиќ и блиски на Кристина во с. Свињиште, Охрид
6. Сашо Смилески, до пред година и пол началник на СВР Охрид, сега помошник директор во БЈБ; Оддел за гранични работи и миграции.
Неговата сопруга Наташа Смилеска , помошник раководител на сектор во општина Охрид
Негов оперативец е Оливер Неделкоски, вработен како Сектор за внатрешна контрола, претходно командир на сообраќајна полиција
-Билјана Неделкоска -сопруга на Оливер Неделкоски е началник на ОКП во СВР Охрид.
– Прв братучед, роднина на Билјана Неделкоска, Трајче Ристески – помошник командир на полициска станица за Сообраќај.
И оттука се селам на кластер СДС МВР Вевчани
7. Тука Сашо Јанкоски, екс градоначалник од СДС Вевчани, сега е началник на стопански криминал Охрид, тој е прв оперативец на Миле Зечевиќ во регионот и близок соработник на братучетка Кристина“, вели Стоилковски и додава:
„За благодарница сопругата му Кети Јанкоска е поставена за директор на средното училиште Нико Нестор во Струга. Внукот Стојан Галичариски е вработен во Здравствниот дом во Вевчани.
А внуката Бонета Галичароска, по негови стапки, е вработена на последниот оглас во МВР“
Според него, за сите овие да имаат послушност кон Миле Зечевиќ е задолжена неговата братучетка Кристина Крлеска-Деспотоска.
„Ваквите мрежи на непотизам, кронизам и протекционизам ја уништија Македонија, ги уништија јавните претпријатија, а МВР го претворија во послушници и одработувачи на СДС наместо за граѓаните и државата. Никогаш не било полошо. Време е за промени, време е, наместо хаосот, да завладее ред“, завршува Стоилковски.
Македонија
Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог за потоа да каже дека тој го пишувал во Скопје
„Стево Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог, се одрекуваше и негира за само по неколку месеци да признае дека францускиот предлог е, всушност, изработен од него“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски е политичар без став. Нема изјава што Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се ниту, пак, кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено француски предлог или тој, всушност, го пишувал“, вели Лефков.
Според него, Пендаровски, конфузниот и манипулатор, е политичар што не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг.
„Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент. Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС е извор на сите проблеми што Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, завршува Лефков.
Македонија
Албанското тло е распарчено, потребно е да се засилиме а Русија не треба да се запостави: Ахмети формира „Европски фронт“ со Реџепи
Договор за заеднички настап на изборите потпишаа денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи Зејд.
„Ние секогаш сме сонувале како Албанците ќе бидат обединети во еден фронт. Зошто сега се враќам на историја? Затоа што ги знам моите соништа. Големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика одат лошо. Ова обединување е повеќе од потребно – треба да се поддржи од сите заедници во државата. Овој фронт ќе им излезе во пресрет на секој дел од општеството. Сите треба да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети. Албанското тло е распарчено – затоа да се засилиме. Од денеска сме еден народ и едно тело и треба да ги реализираме соништата на нашите претци. Да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија и да ја држиме во живот“, рече Ахмети по потпишувањето на договорот со Реџепи Зејд.
Лидерот на ДУИ го повтори постојаниот став дека само со членство во ЕУ ќе се спречат луѓето да бегаат од државатта.
„Русија не треба да се запостави. Веќе е во нашата земја и основала партија, има медиуми овде, основала милитанти овде кои сакаат да ни го попречат патот, за кој сме силно определени. Сакаме мирен и чист Балкан, регион кој што ќе се зачлени во ЕУ, како што влезе во НАТО“, додаде Ахмети.
Додаде дека е во преговори и со други партии за приклучување. Според него, тоа е процес кој е отворен подолго време.