Македонија
Нови 22 починати и 838 заразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49, Струмица – 43, Куманово и Кичево – по 41, Неготино – 38, Гевгелија – 29, Свети Николе – 25, Охрид – 19, Кочани – 15, Прилеп – 14, Штип и Крива Паланка – по 10, Демир Капија – 8, Ресен и Валандово – по 7, Виница – 6, Струга и Дебар – по 5, Богданци – 3, Делчево – 2, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.078 тестови преку: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-65, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-132, Биотек-167 Систина-76, лабораторија Лаор-210, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност-53, Генеа-26, Никоб Лаб-441, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-38, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.
Досега во земјата се направени вкупно 1.866.119 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 135409, Активни 4479
Куманово 15980, Активни 337
Битола 14009, Активни 371
Прилеп 13406, Активни 234
Тетово 13282, Активни 283
Кавадарци 9968, Активни 252
Гостивар 9315, Активни 139
Велес 9278, Активни 313
Охрид 8430, Активни 151
Штип 7865, Активни 99
Струмица 7831, Активни 183
Кичево 5310, Активни 118
Кочани 4905, Активни 69
Струга 4607, Активни 77
Гевгелија 4152, Активни 110
Неготино 3573, Активни 121
Свети Николе 2607, Активни 39
Ресен 2548, Активни 69
Радовиш 2473, Активни 74
Крива Паланка 2346, Активни 42
Делчево 1877, Активни 20
Берово 1702, Активни 20
Дебар 1594, Активни 44
Валандово 1515, Активни 38
Виница 1361, Активни 17
Пробиштип 1281, Активни 9
Богданци 983, Активни 32
Кратово 923, Активни 19
Крушево 872, Активни 15
Демир Хисар 810, Активни 15
Македонски Брод 681, Активни 10
Демир Капија 538, Активни 10
Македонска Каменица 519, Активни 1
Пехчево 456, Активни 9
Дојран 254, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат
„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица.
Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во иднина ќе направи сè за да ја заштити оваа категорија граѓани.
„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, овозможивме граѓаните да имаат лекови во кој било ден од месецот. Оваа мерка беше најважна за пензионерите кои можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст. Овозможивме и бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава“, рече д-р Филипче.
Тој посочи и дека без разлика на кризите со кои се соочуваше целиот свет, СДСМ не дозволи товарот да биде ставен на грбот на оние кои не можат повеќе да заработуваат и пензиите беа покачени за 50% во нивниот мандат. Но, како што рече, за пензионерите мора да се посветува и повеќе внимание во наредниот период.
„Тие се најпеднатните плаќачи на обврските кон државата, најнавремено плаќаат сметки за струја, комуналии, купуваат голем број лекови, тие веднаш откако ќе ја земат пензијата, на еден начин парите повторно ги враќаат во државната каса“, истакна Филипче.
На крајот од своето обраќање, д-р Филипче ги повтори и ветувањата на СДСМ во следниот мандат, односно минимална пензија од најмалку 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари, како и воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Во зимските месеци, рече Филипче, пензионерите ќе добиваат регрес од 3.000 до 6.000 денари и додаде дека највисоката поддршка ќе биде за пензионерите со најниски пензии.
„Ќе направиме сè за на стари години по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот поранешен труд. Тоа се наши родители, кои нè застанале на нозе, штеделе за да нè школуваат, да нè изведат на прав пат. Сега ние треба да се грижиме за нив и да им обезбедиме достоинствена старост“, заклучи Филипче.
Македонија
Јакимовски за Мицкоски: Маските пандаа, ГРОМ се единствената трета опција со промакедонски ставови
Маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот, изјави претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски.
„Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и сануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичка партија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас сум многу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот „кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“. Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат во Уставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но ова повеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сака спротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение кое кажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаат усогласено овие нивни чудни ставови“, рече Јакимовски.
Како што додаде, навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ.
„Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоа што граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ и на Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваа држава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро за Македонија“ и ГРОМ“, рече Јакимовски.
Македонија
(Видео) Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард
Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, денес со компаниите разговаравме за како да се зголеми продуктивноста на компаниите и за отворање на нови 50 илјади работни места, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, носител на изборна единица 2.
„Денеска сум повторно во Ѓорче Петров. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места. Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма“, рече Мисајловски.