Македонија
Нови 593 заболени од коронавирус, починале 14
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.391 тестирање, а регистрирани се 593 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 415 оздравени пациент, и тоа од: Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2, Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (70, 71, 84 и 85), по едно починато лице од Гостивар (77), Кавадарци (81), Прилеп (83), Охрид (81), Кочани (72) и Штип (78). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години, од кои две се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Направени се 3.391 тест преку: ИЈЗ – 294, ЦЈЗ Скопје – 71, ЦЈЗ Битола – 62, ЦЈЗ Прилеп – 59, ЦЈЗ Тетово – 63, ЦЈЗ Куманово – 62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 14, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 5, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 79, „Авицена“ – 147, „Биотек“ – 207, „Систина“ – 69, лабораторија „Лаор“ – 105, „Синлаб“ – 16, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 45, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 302, „ВФВ медикал“ – 51, „Ели медика“ – 25, „Ројал медика“ – 7, „Спектра-ММ“ – 12, „Рапид лаб“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.671.
Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 89.039, активни 3.414
Куманово 12.334, активни 431
Тетово 11.045, активни 152
Прилеп 9.544, активни 305
Гостивар 8.008, активни 24
Битола 7.503, активни 279
Велес 6.850, активни 329
Кавадарци 6.347, активни 258
Штип 6.198, активни 209
Охрид 6.177, активни 187
Струмица 5.915, активни 113
Кичево 4.115, активни 80
Струга 3.844, активни 44
Кочани 3.608, активни 182
Гевгелија 2.567, активни 89
Неготино 2.404, активни 56
Свети Николе 2.024, активни 77
Крива Паланка 1.675, активни 151
Радовиш 1.607, активни 51
Ресен 1.596, активни 50
Дебар 1.453, активни 3
Берово 1.261, активни 41
Делчево 1.176, активни 50
Виница 1.094, активни 36
Пробиштип 1.035, активни 67
Валандово 862, активни 28
Кратово 657, активни 37
Богданци 586, активни 19
Крушево 551, активни 15
Демир Хисар 499, активни 44
Македонски Брод 478, активни 3
Демир Капија 410, активен 1
Македонска Каменица 362, активни 38
Пехчево 324, активни 5
Дојран 150, активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат
Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.