Македонија
Нови 89 заразени од коронавирус, починало едно лице
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.760 теста, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.
Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74). Починало во болнички услови 25.4.2022 година.
Направени се 1.760 теста преку: ИЈЗ-177, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–97, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-28, Биотек-126, Систина-37, лабораторија Лаор-30, Синлаб-7, Ремедика-14, Плодност-9, Генеа-31, Никоб лаб-144, ВФВ медикал-26, Ели медика плус-11, Ројал медика–4, Спектра-ММ-5, Рапид лаб–20, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 752.
Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145.406, Активни 265
Куманово 16.626, Активни 10
Битола 15.253, Активни 83
Прилеп 14.127, Активни 13
Тетово 13.446, Активни 8
Кавадарци 10.628, Активни 20
Велес 9.759, Активни 17
Гостивар 9.572, Активни 2
Охрид 8.826, Активни 14
Струмица 8.049, Активни 7
Штип 8.014, Активни 12
Кичево 5.610, Активни 11
Кочани 5.072, Активни 2
Струга 4.715, Активни 2
Гевгелија 4.399, Активни 3
Неготино 3.677, Активни 3
Ресен 2.713, Активни 2
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.528, Активни 2
Крива Паланка 2.413, Активни 0
Делчево 1.971, Активни 2
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.649, Активни 9
Валандово 1.485, Активни 0
Виница 1.390, Активни 2
Пробиштип 1.265, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори
Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..
„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.
Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.
„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.