Македонија
Нови 913 заразени од коронавирус, починаа 16 лица
Во последните 24 часа се направени 3.707 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 440, Прилеп – 64, Кавадарци – 50, Куманово – 45, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Неготино – 31, Гостивар – 29, Охрид – 26, Велес и Битола – по 24, Струмица – 21, Крушево – 11, Кочани и Крива Паланка – по 10, Ресен – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Кичево и Демир Капија – по 5, Штип, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 4, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 351 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 173, Охрид – 37, Прилеп – 28, Кавадарци – 16, Велес и Струмица – по 12, Куманово – 11, Неготино – 9, Тетово и Гевгелија – по 8, Струга – 7, Кочани – 5, Штип и Битола – по 4, Крива Паланка и Берово – по 3, Виница, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица – 7 пациенти од Прилеп (87, 82, 75, 74, 70, 66, 63), 6 пациенти од Скопје (83, 75, 72, 69, 66, 54) и по еден пациент од Гостивар (87), Гевгелија (71) и од Крушево (40). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.707 теста преку: ИЈЗ – 785, ЦЈЗ Скопје – 96, „Авицена“ – 357, „Биотек“ – 361, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 161, „Систина“ – 309, лабораторија „Лаор“ – 270, МАНУ – 0, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, ГАК – 0, „Синлаб“ – 88, „Ремедика“ – 18, лабораторија во болницата во Козле – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.134, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 551.917 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 109.262, бројката на оздравени пациенти е 96.173, на починати е 3.244, а бројот на активни случаи изнесува 9.845.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 440, активни 4.745
Куманово 45, активни 389
Прилеп 64, активни 733
Тетово 35, активни 298
Гостивар 29, активни 227
Штип 4, активни 128
Кавадарци 50, активни 565
Велес 24, активни 247
Битола 24, активни 248
Охрид 26, активни 417
Струмица 21, активни 184
Струга 6, активни 151
Кочани 10, активни 114
Кичево 5, активни 48
Неготино 31, активни 340
Гевгелија 33, активни 291
Свети Николе 6, активни 31
Крива Паланка 10, активни 134
Ресен 7, активни 71
Дебар, активни 13
Делчево 3, активни 47
Радовиш 4, активни 24
Берово 3, активни 44
Пробиштип 1, активни 37
Виница 1, активни 22
Валандово 3, активни 27
Крушево 11, активни 93
Богданци 4, активни 68
Кратово, активни 22
Демир Хисар 4, активни 35
Демир Капија 5, активни 35
Македонски Брод 1, активни 7
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево 1, активни 4
Дојран 2, активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.
Македонија
(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија
„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека нема да ги заборавиме државните и нациолнални интереси, кои тие не само што ги заборавија, туку и ги погазија! Молам за доверба!“, рече Горданa Силјановска -Давкова, кандидат за претседател на Македонија.
„Верувајте ми, има моменти во историјата! А таков е овој, кога мора да сме заедно! Кога како никогаш досега, потребна ни е вашата поддршка! Без вас не може да направиме единство! Без вас Македонија не може да биде ниту твоја, ниту горда! Без вас не може да дојдеме до победа! Вие го имате првиот и последниот збор! Ви веруваме!
Денес е Денот на светското културно наследство. Охрид е незаменлив и ценет, драгоцен дел од него. Охрид е споменик и дом на европското христијанство! Да го чуваме! Не заборавајте: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана!
Час поскоро, активирајте го универизтетот на Плаошник! Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши.
Во насока на јакнење на културниот туризам ќе покренам организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Сето ова во соработка со УНЕСКО и Министерството за култура! Упатувам порака дека: Плаошник може да биде центар на дијалог на цивилизациите! Дијалог на религиите! Центар на културен дијалог! Затоа сум горда на него!“, додаде Горданa Силјановска -Давкова.
Македонија
Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ
Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за парламентарните избори.
Мицкоски посочи дека долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, а понекогаш и се занемаруваше и никогаш како сега не било важно како сега да се случи обединување, да се обезбеди национално единство.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партиите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија“, рече Мицкоски.
Додаде дека со Левица и ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ има свои разлики по повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но смета дека во моментов, најважно за Македонија е да се фокусираат на оние кои што ја киднапираа државата од граѓаните.
„Но, ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор“, порача Мицкоски.