Македонија
Нов извештај за активните пожари во земјата – најкритично кај Делчево, Пехчево и во Прилепско
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страница информираа за состојбата со активните пожари во државата, заклучно со 13 часот.
Штипски Регион
Пожарот што почна на 2 август во атарот на сeлото Нов Истевник, маало Пасјак, сѐ уште е активен и е во дијаметар од 9 километри. До овој момент опожарени се околу 750 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гаснење пожар се на терен од раните утрински часови, од 4 часот. Интервенираат 200 припадници на АРМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадници на Граничната полиција со 5 теренски возила; 3 припадници на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена Река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од пожарникарите од Бугарија. Волонтери од Црвениот крст – Делчево се на терен и им доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.
На територијата на општина Пехчево, кај местото наречено Бајаз Тепе, пожарот сѐ уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРМ, 20 ренџери, дел од екипата од Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП-возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП-возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население.
Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП-единица од Словенија.
Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (Кочани и Македонска Каменица) од ноќеска повторно е активен. Интервенираат ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; „Водостопанство“ – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица.
Струмички Регион
Пожарот кај местото наречено Погана, кој почна на 1 август, е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.200 хектари нискостеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадници; АРМ со 30 припадници; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружението од Битола со 9 припадници. Има и 2 трактора за пренос на храна и вода за учесниците во гаснењето на пожарот. Поради намалениот интензитет на пожарот, денес ќе се врши контролирање и гаснење на недогорениот материјал.
Од страната на општина Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 хектари мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС Кожув – Гевгелија.
Битолски Регион
Во општина Прилеп пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин, Топлица е активен на еден крак кон рудникот „Козјак“ и еден крак кон високиот дел на селата Крстец и Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и листеста постилка. На потегот Крстец – Никодин гори нискостеблеста дабова шума.
Под контрола е кракот кон селото Топлица, кракот кон црквата и викенд-куќите во селото Ракле.
На кракот од магистралниот пат Прилеп – Градско гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума. Интервенираат 17 војници на АРМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП-возила.
Од ноќните часови меѓу 4 и 5 август почнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (Прилеп) во кој горат сува трева, смрека, чолија и листеста постелка на површина од 0,5 хектари. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на местото Мањов Дол, каде што гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 13 војници на АРМ, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месното население, како и 7 работници на ШС Црн Бор – Прилеп.
Охридски Регион
Пожарот во атарот на селото Девич (Македонски Брод) во 18 часот на 4 август е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.
Тетовски Регион
ТППЕ Тетово од 9.40 часот со 3 пожарникари и 1 ПП-возило интервенираат поради запалена сува трева кај сточниот пазар во селото Голема Речица.
Кумановски Регион
ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП-возило од 7 часот интервенираат поради запалена сува трева во атарот на селото Јачинце.
ТППЕ Старо Нагоричане со 3 пожарникари со 1 ПП-возило во 9.30 часот е упатена на терен кон атарот на селото Жељудино заради контрола.
Пожарот во атарот на селото Коњух (Кратовско) е изгаснат, а на терен, заради контрола, се наоѓа екипа на ЈП „Македонски шуми“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ
Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.
„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.
Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.
Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.
Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.
Македонија
Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ, државата е одземена од народот
„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.
Тој нотираше дека сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.
„Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ“, рече Мицкоскит.
ПИстакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа, тој процес да започне токму сега.
„Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно, исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова, е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на оваа држава и на нејзината иднина“, заклучи тој.
Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја, порача Мицкоски.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.