Македонија
Обвинетиот за уништување изборен материјал, Ејуп Алими, ќе расправа за иднината на истрагите на СЈО
До Собранието стигнало барањето за автентичното толкување на членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство, потврдија од законодавниот дом за „Макфакс“. Според Деловникот за работа на Собранието, се предвидува дека претседателот Талат Џафери треба да го упати барањето до Законодавно-правната комисија и до Владата.
Меѓу 14-те члена на Законодавно-правната комисија кои ќе расправаат за иднината на истрагите на СЈО е и обвинетиот за уништување изборен материјал во „Титаник 3“, Ејуп Алими. Претседателка на Комисијата е Соња Мираковска, а членови од власта се Фросина Ташевска-Ременски, Алија Камберовски, Снежана Калевска-Ванчева, Бетијане Китев и Бети Рабаџиева-Наумовска. За толкување на рокот на СЈО ќе расправаат и Весел Мемеди, Зоран Илиоски, Нада Ципушева, Фадил Зендели, Иван Стоиљковиќ, Невенка Стаменковска, Павлинче Честојнова. Комисијата има и 14 заменик-членови.
Законодавно-правната комисија може да бара мислење од матичното работно тело на Собранието. По мислењата од Владата и од матичното работно тело, Комиисјата оценува дали барањето за давање автентично толкување е оправдано. Потоа, ако барањето е оправдано, изготвува предлог на автентично толкување и го доставува до Собранието, а пратениците расправаат и одлучуваат на иста седница.
Врхвниот суд донесе начелно правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за сите истраги и обвиненија подигнати по рокот од 18 месеци определен со законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.