Македонија
Обвинет во Диво Насеље до поглаварот на ИВЗ: ,,Ролекс”, не заборавај да побараш прошка за злосторствата што ги имаш направено
Шек Халачи, обвинет во Диво Насеље на својот Фејсбук профил по повод празникот Рамазан Бајрам, напиша дека ова е последен муслимански празник за поглаварот Сулејман Реџепи како прв човек на Исламската верска заедница. Тој во своето обраќање обвинува за наводни злосторства на Сулејман Реџепи изминатите години по што го нарекува и „Ролекс“.
,,Честитки за Бајрам, особено за ефенди Сулејман Реџепи – „Ролекс”, бидејќи ова ќе биде последен Бајрам за него како шеф на Исламската верска заедница. „Ролекс” кога јадете ручек на Бајрам, не заборавајте да побарате од Бог да ви прости за вашите злосторства што сте ги направиле сите овие години како претседател на ИВЗ и пред да станете претседавач на ИВЗ. Иако не верувам дека господ ќе ти ги прифати молитвите, исто како што не ги прифати молитвите на Никола Груевски”, вели Халачи.
Тој додава дека никогаш не мислел дека ќе треба да се справува со поглаварот Реџепи, но сепак како што вели, Божјата волја го оставил онаму каде што ги пронашол снимките и документите.
,,На крајот ви доаѓаат сите што извршиле злосторства против албанската нација, ние никогаш не мислевме дека ќе се справиме со вас, но тоа беше Божја волја и нè остави таму каде што ги чекавме снимките и документите”, вели Халачи.
Овој текст на Халачи е споделен и од страна на лицето Ел Чека кој вели дека е во секојдневна комуникација со осудените за случајот Диво Насеље од кои патем и ги добил прислушуваните разговори кои ги објавува.
Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека, кој на социјалните мрежи од минатата недела секојдневно објавува нелегално прислушувани разговори од актуелни и поранешни функционери од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Кривичната пријава е за неовластено прислушување и тонско снимање според членовите 151 и 152 од Кривичниот законик.
Според пријавата, Ел Чека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, а негова пријавена адреса на живеење е во кичевското село Туин.
Поради итноста за заштита на правата на оштетените, односно прислушуваните лица, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството побара и од надлежните органи во САД да преземат законски дејства во насока нa спречување натамошно објавување на сниманите материјали
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка, информираат од неговата кампања.
„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.
Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.
Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.
Македонија
Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија
Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.
– За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат, беше кажано на денешната прес конференција.
Од ВЛЕН (ВРЕДИ) информираа дека од Град Скопје се уште немаат никаков одговор на барањето да се одржи митинг на Плоштад Македонија, што тие го толкуваат како негативен одговор. Според шефовите на изборната кампања на претседателскиот кандидат Арбен Таравари, негативна одлука донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција. Причината за тоа, според нив е обид да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг поради, како што рекоа, големата поддршка што ја има ВЛЕН (ВРЕДИ) од граѓаните.
– Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање. Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигд едруго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВЛЕН, со голем собир!, рекоа од ВЛЕН нагласувајќи дека централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот.
Македонија
Стојаноска: „Платформа 1198“ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци
Додека министрите на ДУИ мака мачеа да постигнат гол или кош повеќе во просториите на министерствата и додека мака мачеа да договорат тендер плус, и на сето ова, секако, министрите на СДСМ не смеат да гугнат, тетовските стопанственици, пак, мака мачат да опстанат, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
– Поради овие аздисани политичари, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ се ветува рамен данок кој што ќе остане и во иднина, се ветува Македонија да стане една од земјите во регионот со најниски даноци. И, се ветува на стопанствениците поголема поддршка и помош. Токму поради овие причини, стопанствениците во Македонија ќе гласаат за бројот два (2), затоа што сакаат Македонија да се врати во нивни раце и Македонија повторно да ја направиме горда, додаде таа.