Македонија
Обложувалниците „Моцарт“ ќе донираат современа медицинска опрема на Клиниката за детски болести – Скопје
Спортските обложувалници „Моцарт“ и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка според кој обложувалниците се обврзуваат сите средства од донаторската кампања „Заедно можеме сè“ да бидат наменети за набавка на неопходна опрема за оваа медицинска установа.
Секој играч на „Моцарт“ со уплата на тикет за натпреварите од Светското фудбалско првенство активно се вклучува во хуманата кампања за собирање средства за медицинска опрема. Од стартот на Мундијалот во кампањата под мотото „Играме во ист тим – тикет за живот“, на сите уплатни места до овој момент, со собраните средства ги надминаа и најоптимистичките предвидувања, што само покажува дека Македонците се одлични познавачи на фудбалот и хумани луѓе со широко срце.
Во разговорите со директорката на Клиниката, д-р Катерина Ставриќ, како и лекарскиот и менаџерскиот тим на Детска клиника, веќе се работи на утврдување која медицинска апаратура, според нивните потреби, е приоритет. Веднаш откако ќе се знае собраната сума, ќе се почне со процесот на набавка.
Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравствена установа од ваков вид во земјава. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на педијатријата, а се изведуваат и образовна, научно-истражувачка дејност и усовршување на медицинскиот кадар. Минатата година на оваа клиника биле хоспитализирани над 7400 деца, а повеќе од 54000 деца добиле амбулантска, специјалистичка и супспецијалистичка педијатриска грижа. Во просек дневно на клиниката се спроведуваат и до 10 000 различни здравствени анализи и испитувања.
„Горди сме што имаме можност да придонесеме за работа во подобри услови и со посовремена опрема на клиниката која има најблагородна улога – грижа за здравјето на најмладите. Сите кои се забавуваат следејќи ги возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Русија сигурни сме дека се среќни што ‘Играме во ист тим’ и што токму нивниот ‘Тикет за живот’ придонесува во унапредувањето на условите за брза и точна дијагностика, ефикасен третман и што побрзо оздравување на секој пациент на Клиниката за детски болести“, изјави Васко Илијевски, маркетинг-менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“ .
Во Русија привршува групната фаза, но следуваат возбудувањата од нокаут фазата така што се очекуваат одлични натпревари и уште многу тикети со чии донации собраната сума ќе расте секојдневно.Бидејќи „Заедно можеме сè“ тимот на „Моцарт“ нема да биде изненаден ако оваа хумана кампања ги надмине сите очекувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.
„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.
„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.
Македонија
Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“
Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.
„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.
Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.
Македонија
Успешна сложена дентална операција – изведена транспозиција на нерв
Вчера, успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјата.
Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори – Дијана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување по извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.
Видеоприказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамките на меѓународниот имплантолошки конгрес, кој почнува денес во хотелот „Хилтон“ во Скопје, а ќе трае до 20 април. Напредната хируршка техника првпат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.
Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите што ќе бидат во центарот на вниманието на овој конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р Дијана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME – европски кредит-поени.